19ти Ноември – Ден на жената претприемачка

19ти Ноември – светскиот ден на жената претприемачка, го славиме и празнуваме како прекрасен потсетник за улогата и значењето на жената во сите животни области, но, пред сé, во бизнисот.

Денот на жената претприемачка секоја година мотивира бројни организации, институции и индивидуални личности, на глобално ниво, да одржуваат настани, конференции, трибини, или едноставно-разговори и дебати во насока на промоција на жената како витална учесничка во бизнис случувањата и афирмација на идејата дека само со еднаков третман и воспоставување исти можности за сите, ќе се почувствува цивилизациски напредок и просперитет.

За да постигнеме глобални резултати во походот на креирање свест за потребата од постоење платформа за поддршка на жените во бизнисот, мора да дејствуваме локално. Сите ние имаме улога во градењето еднакви можности. Почнувајќи од најрана возраст, мора да се влее самодоверба во сите за нивните способности и квалитети. Мора да се оттргнат ограничувањата и наметнатите улоги базирани на пол и да се докаже дека најрелевантниот предуслов за успех е вложениот труд и љубов во работата. На тој начин ќе се подобри не само состојбата во бизнис сферата, туку и целокупната општествена реалност; прво во нашата непосредна околина, а потоа и пошироко.

Ние овој 19ти Ноември ќе го прославиме со честитка до сите наши соработнички, пријателки, претприемачки, сите жени кои допрва ќе запловат во бизнис водите,  на нивниот досегашен успех и како и досега, ќе им ја понудиме нашата неизмерна и безусловна поддршка во сите предизвици со кои ќе се соочат и ќе им потврдиме дека никогаш нема да се откажеме од заложбата секој ден од годината да се чувствува и честува како ден на жената претприемачка!

 

Blog Attachment
  • 2-5
  • 1-5

Related Posts

Scroll Up