Бизнис ангели

Кои се? Што се? Која е нивната улога? Се за бизнис ангелите од експертите на консултантската компанија Consulting Inter Group

Почетокот на еден бизнис секогаш со себе носи низа предизвици за претприемачот. Една од најчестите пречки на патот на успешната реализација на одредена бизнис идеја се финансиите. Многупати претприемачите не го поседуваат потребниот капитал кој им е неопходен за да започнат и да продолжат со развивање на сопствен бизнис, поради што тие ги проучуваат можностите кои им стојат на располагање како начин на финансирање.

Еден од понеформалните начини на стекнување средства за финансирање на бизнис се бизнис ангелите

Бизнис ангелите, уште познати како ангели инвеститори, се лица кои поседуваат поголем капитал и кои истиот сакаат да го инвестираат во нешто продуктивно од најразлични побуди, но најчесто заради профит.

Кои се бизнис ангели?

Според одредени статистички истражувања, бизнис ангелите се вообичаено лица кои се на крајот од својата професионална кариера или пак веќе се пензионирале, кои заземале висока позиција на менаџер или работеле во високо профитабилна дејност, како последица на што акумулирале капитал кој не сакаат да го фиксираат, туку да го размножат.

Импулсот кој лежи зад мотивацијата бизнис ангелите да одделат дел од своите финансии во име на развивање туѓ бизнис најчесто е профитот. Бизнис ангелите внимателно ги разгледуваат бизнис плановите кои им се презентирани, ја проучуваат веројатноста тие идеи да добијат своја конкретизација на пазарот и ги пресметуваат потенцијалните добивки. Откако ќе одлучат дека бизнис идејата или штотуку започнатиот бизнис се никулци на иден профит, ги доделуваат финансиските средства, при што иако во одредени случаи тие можат да бидат во облик на подарок, во практиката најчесто одредуваат камата на доделените средства, а за возврат бараат и сопственички дел од бизнисот. Токму во овој сегмент се забележува дека бизнис ангелите внимателно го штитат интересот не само на претприемачот, туку и својот.

Поретко се случува и други побуди да влијаат врз одлуката на бизнис ангелите да инвестираат во одредена идеја како на пример блиските односи со претприемачот или пак со предметот на бизнисот, пазарот или поднебјето на кој тој ќе се развива.

Огромна Корисноста на финансирањето преку бизнис ангели

Ваквата опција за преприемачите е многу понеформална од некои од другите начини на финансирање. Понатаму, значењето на бизнис ангелите се гледа и во фактот што тие покарај финансии нудат и експертиза. Ако се погледне вообичаениот профил на бизнис ангел, лессо е да се заклучи дека поради својот успех тие имаат големо искуство, знаат како функционира пазарот и како на најефективен начин да се раководи еден бизнис. Ова акумулирано искуство и знаење се од непроценлива важност за секој кој ги чекори првите стапки во бизнис светот.

Бизнис англеите преферираат идеи од областа на интернет технологии, телекомуникации, енергија, електроника, но не се ограничени на нив. Доколку претприемчот има идеја за која знае дека има мерит и дека потенцијалот за раст на бизнисот е голем, веројатноста дека одреден бизнис ангел ќе се заинтересира за одделување на дел од своите финансии е голема. Во светот, системот на бизнис ангели е многу развиен и тие се групираат во клубови, со што пристапот на претприемачите е во голема мера олеснет.

Во Македонија полека но сигурно заживува овој тренд на користење бизнис ангели како извор на средства за финансирање и се очекува во иднина дополнително да добие на популарност.

Related Posts

Scroll Up