8ми Март – Интернационален ден на жената

На 8ми Март, интернационалниот ден на жената, традиционално ги прославуваме социјалните, економските, културните и политичките достигнувања на жената и се потсетуваме дека заложбата за полова рамноправност е непрестајна.

Ги славиме жените без разлика на нивната националност, етичка припадност, јазикот кој го говорат, професијата која ја работат.

Ја честуваме женската моќ и убавина и апелираме на меѓусебна поддршка во сите животни потфати. Бидејќи, по зборот на Дајен Маричајлд, „Жената е полн круг; Во неа се сплотени способноста да креира, негува и трансформира“.

Жената е вечна инспирација, муза и мотивација. Таа умее да плови и по најбурните мориња, бидејќи, како што убаво говори Мери Луис Алкот, заедно учиме како да ги ракуваме нашите бродови. Со заеднички труд и охрабрување, ги достигнуваме целите, без оглед на висината на која тие се поставени.

Од најмала возраст, мораме да се потсетуваме дека, како што вели Марија Кири: „Животот не е лесен, но што ако? Со истрајност и самодоверба, со увереност во нашата надареност, сé е достигливо“.

8ми Март го симболизира крикот на жената против нерамноправноста, но, уште повеќе, ја истакнува и солидарноста помеѓу половите и патот кој сме го изоделе за да ги уживаме сите права, кои се пред сé, човекови права.

Затоа, чувствувајте и честувајте го овој празник со полно срце и со по некоја роза во рацете.

СРЕЌЕН 8МИ МАРТ!


Blog Attachment
  • 8mi-mart

Related Posts

Scroll Up