Компанијата КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП врши правни и консултантски услуги од областа на деловното право.


КОИ СМЕ НИЕ?


Поради зголемениот обем на работа и изразениот интерес од страна на клиентите, а со цел да се пресретнат нивите потреби, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП прерасна во етаблирана и докажана компанија која својата дејност ја врши на пазарот на услуги во две канцеларии, во Скопје и Кавадарци.

Нашата компанија го зацврсти квалитетот на своите услуги преку соработка со бројни надворешни соработници и консултанти во повеќе области, како и проценители, финансиски менаџери, тим на адвокати кои со својата експертиза ја поддржуваат компанијата во сите проекти. Ваквиот тим придонесува кон целосно исполнување на потребите од секое поле на правото: правни, консултантски и консалтинг услуги од областа на деловното право, административно право, право на интелектуална сопственост, банкарско право, правен и економски due diligence, советувања околу тендери, бизнис планови, маркетинг планови, посредување помеѓу клиентите и институциите, како и секоја друга услуга која може да произлезе во текот на работењето на една компанија.
Компанијата ја исполнува својата општествена одговорност преку обучување на млади кадри – практиканти и истата е горд поддржувач на женското претприемништво и истакнат придонесител кон воспоставување на улогата на жената во бизнис секторот; идеја која е поткрепена со фактот дека и самата компанија е управувана од жена- управител.
Со цел да ја задржи постигнатата позиција и доверба од страна на клиентите, Консалтинг Интер Груп вложува во постојана надградба на својот кадар, следење на најновите трендови во работењето преку учество на обуки, предавања за надградување на знаењето, како и билатерални средби со странски компании кои сакаат да инвестираат во нашата држава. Наведеното придонесува кон постојано зголемување на квалитетот кој се нуди. Професионалниот пристап во работењето, брзите и практични решенија, со тенденција кон минимизирање на вклученоста и грижата на клиентите кои ни ја подариле својата доверба, како и ставање во прв план на нивните потреби, се наша најсилна страна и причина зошто сметаме дека сме вистински избор за Вас.
Неизоставните резултати и успех, кои се темелат на нашата напорна работа се причина зошто постоиме. Вие можете да бидете дел од нашата успешна приказна, со апсолутна увереност дека Вашите потреби ќе бидат задоволени.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!


СО ШТО СЕ ЗАНИМАВАМЕ?

Со традиција на успешно работење и неверојатна бројка на задоволни клиенти, нашата постојана работа и трудот кој го внесуваме во секој проект се најдобри докази за нашиот квалитет.

ЖИВОТЕН ВЕК НА КОМПАНИЈАТА

1. Основање
2. Промена
3. Стечај
4. Ликвидација

Повеќе

СТАТУСНИ ПРОМЕНИ

1. Присоединување
2. Спојување
3. Поделба

Повеќе

УПРАВНИ ПОСТАПКИ

1. Легализација на објекти
2. Приватизација на земјиште
3. Застапување пред надлежни органи и институции

Повеќе

ОРГАНИЗАЦИЈА И КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ

1. Бизнис и маркетинг планови
2. Физибилити студии
3. Правен и економски due diligence
4. Интелектуална сопственост
5. Инвестициски можности

Повеќе

ПРОЦЕНКИ

1. Трговски друштва и подвижен- недвижен имот
2. Транспортни средства
3. Побарувања и обврски

Повеќе

ТИМ ОД ЕКСПЕРТИ

Посветени сме на успешна соработка со нашите клиенти со цел остварување на нивните цели.

Професионалниот пристап во работењето, брзите и практични решенија, кои се со минимална вклученост на клиентите и грижата на клиентите,како и ставање во прв план на потребите на клиентите кои ни укажале доверба, се наша најсилна страна и причина зошто сметаме дека сме вистински избор за Вас.

НАШИТЕ КЛИЕНТИ

Scroll Up