Чекор по чекор до сопствен бизнис – Договорни односи

Имате идеја за сопствен бизнис, но не знаете од каде да почнете со реализација на истата? Ние можеме да ви помогнеме.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ви презентира серијал посветен на потенцијалните основачи на трговски друштва со цел да се информираат за постапката и клучните елементи при започнувањето на сопствен бизнис. Четвртиот дел од серијалот „Чекор по чекор до сопствен бизнис!” е на тема: ДОГОВОРНИ ОДНОСИ.

Во овој дел од серијалот посветуваме внимание на некои од најзначајните општи одредби што се однесуваат на стапувањето во договорни односи:

  • Договорните односи во кои стапуваат трговските друштва се уредени со Законот за облигациони односи. Договорот создава права и обврски за сите договорните страни и сите се разликуваат во однос на суштествените состојки.
  • Договорот е склучен во оној момент кога понудувачот ќе ја прими изјавата од понудениот дека ја прифаќа понудата.
  • Договор може да се склучи во било која форма, но во одделни ситуации мора да биде склучен во однапред определена форма согласно Закон.
  • Раскинувањето на формалните договори е со неформална спогодба, освен ако за определен случај со закон е предвидено нешто друго или ако целта поради која е пропишана формата за склучување на договорот бара раскинување на договорот да биде извршено во иста форма.
  • Склучување во непропишаната форма нема правно дејство освен ако од целта на одредбата со која е определена формата не произлегува нешто друго.
  • Инструмент за зајакнување на побарувањата уште познато како капар е одреден паричен износ или предмет кој е заменлив кој едната договорна страна го дава на другата како еден вид гаранција дека договорот ќе биде склучен. Договорот може да се смета за склучен и кога капарот е даден, ако така се договориле двете договорни страни.
  • Право на откажување од договорот престанува и кога страната во чија корист е договорено ќе започне да ги исполнува своите обврски од договорот или да прима некои други исполнувања од другата страна.
  • Договорите склучени спротивно на Уставот, законите и добрите обичаи се ништовни договори.
  • Сето она што договорната страна го примила врз основа на склучен ништовен договор е должна да го врати на другата договорна страна.
  • Доколку некоја одредба е ништовна во договорот, тогаш тоа не повлекува само по себе ништовност на целиот договор. Ако договорот може да опстане без таа ништовна одредба и ако таа не ни била решавачка заради која е склучен договорот.

Related Posts

Scroll Up