Чекор по чекор до сопствен бизнис – Работни односи

Имате идеја за сопствен бизнис, но не знаете од каде да почнете со реализација на истата? Ние можеме да ви помогнеме.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ви презентира серијал посветен на потенцијалните основачи на трговски друштва со цел да се информираат за постапката и клучните елементи при започнувањето на сопствен бизнис. Третиот дел од серијалот „Чекор по чекор до сопствен бизнис!” е на тема: РАБОТНИ ОДНОСИ.

Потребата од ангажирање на работници во работниот процес, работодавачот ја обезбедува преку објавување на јавен оглас во некои од средствата за јавно информирање, со претходно внесување на огласот во системот на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Согласно ова, по извршениот избор на работникот, работодавачот е должен да склучи договор со него. Склучениот договор може да се склучи на определено време – временски период кој однапред е определен и неопределено време –  временски период кој однапред не е определен. Со моментот на потпишувањето на договорот, се заснова работниот однос.

Работодавачот е должен да поднесе пријава за работникот за задолжително социјално осигурување во Агенцијата за вработување на Република Македонија, директно или по електронски пат.

Работната недела трае пет работни дена, додека полното работно време трае најмногу до 40 часа неделно. Притоа, работодавачот може со колективниот договор да определи полно работно време помалку од 40 часа, но не пократко од 36 часа неделно.

Согласно Законот за работни односи, на барање на работодавачот работникот може да врши и прекувремена работа, која може дса трае најмногу 8 часа неделно, т.е. 190 часа годишно. Меѓутоа, доколку овој просек се пречекорува, работодавачот има обврска да изврши прераспоредување, односно воведување на нови смени .

Секој работник во текот на своето работно време од 6 часа и подолго има право на пауза од 30 минути. Истото се засметува во работното време. Работник кој работи најмалку 4 часа дневно, има право на пауза од 15 минути.

Работникот има право на дневен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа дневен одмор.

Времетраењето на годишниот одмор е најмалку 20 работни дена, а со колективниот договор за вработување постои можност истиот да се продолжи и до 26 работни дена. Се користи во текот на календарската година.

Согласно Законот за работни односи, работникот има право на платен работен одмор и тоа заради семејни и/или лични причини во времетраење од седум работни дена. Кога станува збор за неплатено отсуство, односно отсуство од работа без надомест на плата и придонеси на плата, може да трае најмногу до 3 месеци.

Кога работникот заради болест или повреди отсуствува од работа, работодавачот му исплаќа надоместок на плата и тоа до 30 дена. Повеќе над 30 дена се исплаќа на товар на Фондот за здравствено осигурување.  Исклучок од ова е случајот кога работникот е неспособен за работа поради заболување или повреда  заради необезбедени мерки од страна на работодавачот. утврдени согласно прописите за безбедност и здравје при работа, Тогаш тој е должен да исплаќа надомест на плата и над 30 дена врз основа на записник од надлежен за работите од областа на трудот.

 

 

Related Posts

Scroll Up