Чекор по чекор до сопствен бизнис – Регистрација на даночни обврзници и даноци

Имате идеја за сопствен бизнис, но не знаете од каде да почнете со реализација на истата? Ние можеме да ви помогнеме.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ви презентира серијал посветен на потенцијалните основачи на трговски друштва со цел да се информираат за постапката и клучните елементи при започнувањето на сопствен бизнис. Вториот дел од серијалот „Чекор по чекор до сопствен бизнис!” е на тема: РЕГИСТРАЦИЈА НА ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ И ДАНОЦИ.

Во Управата за јавни приходи се регистрираат обврзници на данокот на додадена вредност, акцизи, персонален данок на доход и данок на добивка, како и даночни платци – исплати на лични примања, пензии, инвалиднини. Единствениот даночен број (ЕДБ) кој се доделува при регистрацијата на даночниот обврзник, претставува единствен идентификационен број на даночниот обврзник за сите видови јавни приходи кој се користи во целата даночна постапка и мора задолжително да се внесе во сите писмени дописи и документи. Како се одвива постапката на регистрација на даночни обврзници во Управата за јавни приходи (УЈП), прочитајте подолу на следниот линк:

Регистрација на даночни обврзници во Управата за јавни приходи

Даноците се давачки кои на даночните обврзници им се наметнати со закон, а кои мора да бидат платени без никакви противуслуги, односно инструмент преку кој државата ги покрива своите расходи. За видовите даноци, основата за пресметување, висината на даночна стапка, пријавувањето и плаќањето прочитајте подолу на следниот линк:

Видови даноци и нивни карактеристики

Related Posts

Scroll Up