Consulting Interg Group: кои се разликите и сличностите меѓу старт-ап и спин-оф компании?

Доколку се двоумите која форма би била соодветна за да ја остварите Вашата бизнис замисла, можеби оваа сумарна компарација oд Consultin Inter Group помеѓу двата вида компании ќе ви биде од помош

Старт-ап и спин-оф компаниите се популарни начини на кои може да се поттикне раст и развој на потенцијален или пак веќе постоечки бизнис затоа што се погодни за обезбедување нови пристапи до пазарот. Доколку се двоумите која форма би била соодветна за да ја остварите Вашата бизнис замисла, можеби оваа сумарна компарација помеѓу двата вида компании ќе ви биде од помош.

Првата разлика помеѓу старт-ап и спин-оф се забележува во нивното потекло. Како што бројни експерти од областа на претприемништвото тоа го објаснуваат, формирањето на спин-оф се одвива во рамките на веќе постоечка организација, која може да биде компанија, академска или научно-истражувачка организација, а особено популарни за отпочнување спин-оф походи се универзитетите.

Опцијата за формирање спин-оф пожелно би било да се разгледува кога постои можност веќе постоечка компанија која има стекнато круг на лојални клиенти својот бренд и производи да ги прошири на поширока маса потрошувачи, со тоа што веќе-постоечките потрошувачи ќе го олеснат влезот на проширениот пазар. Но, важно е да се запомни дека иако спин-оф компанијата најчесто ги дели принципите на фунционирање со оригинерната организација, препорачливо е да се бори и за сопствени платформи на кои ќе може да се повика.

За разлика од нив, старт-ап компаниите најчесто не се формираат во границите на веќе-постоечка организација, туку претставуваат ново-оформени бизниси со тенденција за проникнување во нови области на пазарот кои покажуваат особен потенцијал. Меѓутоа, во одредени ситуации, старт-ап компаниите се исклучително корисни не само за нови иновативни умови кои сакаат да ги презентираат потенцијално-успешните бизниси на пазарот, туку тие се моќна алатка и во рацете на сопствениците на веќе постоечки компании кои сметаат дека можат да добијат обновен број на клиенти преку нудење на целосно нов бренд или производ на пазарот.

Друга истакната разлика меѓу овие два вида на компании е причината заради која тие се основаат. Спин-оф компаниите најчесто се формираат со цел да се искористат одредени предности како на пример задржување на откриениот човечки талент или пак дополнително развивање и пласирање на услуги и технологии чии корени биле зацврстени во рамките на компанијата од која произлегува спин-оф компанијата. За разлика од тоа, старт-ап компаниите најчесто се поврзуваат со иновирање нови услуги или производи.

Во однос на нивното присуство на пазарот, спин-оф компаниите се застапени во речиси сите индустрии и опфаќаат широка листа на дејности. Старт-ап компаниите вообичаено се асоцираат со нови и иновативни идеи од техничките области, осмислување нови начини на функционирање кои промовираат создавање нови технологии и обезбедуваат одговори на многу прашања поврзани со правецот на движење на технологијата.

Разликите кои се истакнуваат помеѓу старт-ап и спиноф се прилично големи, но поврзувачка нишка е фактот дека двата вида компании се водени од истовиден импулс: она што почнува како идеја да се претвори во реален производ од кој општестото ќе може да остварува бенефити.

Blog Attachment
  • logo-penka-e1478021992100-2

Related Posts

Scroll Up