Денационализација

Денационализација е начин на престанок на правото на сопственост на државата, при што со правото на сопственост се стекнува физичко или правно лице, и тоа на имот кој им бил одземен во корист на државата.  Доколку имотот не може да биде вратен на поранешните сопственици, односно постојат правни пречки со кое е оневозможено, за истиот тој имот се предвидува обештетување со плаќање на надоместок во постапката за денационализација. Постапката за денационализација е управна постапка. Сите прашања поврзани со ова се уредени со Законот за денационализација на РМ од 1998 година. Предмет на денационализација е одземен имот на поранешни сопственици по различни основи и тоа:

  • имот во сопственост на фиизчки лица или верски организации, одземен по 2ри август 1944 врз основа на извршено општо од, имот одземен врз основа на експропријација, како и имот одземен без никаков правен основ;
  • напуштен имот од сопствениците за време на непријателската окупација, како и имотот одземен од страна на окупаторските сили;
  • имот одземен врз основа на прописи со кои била спроведена аграрна реформа;
  • имот одземен врз основа на прописи за национализација на средства во стопанството, станбен, деловен простор, градежното земјиште;
  • имот одземен по пат на конфицкација како казнена мерка за сторено кривично дело и тоа за дела пред стапување во сила на Крвичниот Законик на Поранешна Југославија од 1951 година;
  • имот кој е отстапен со изјава на волја, дадена под присилба или закана;

Предмет на денационализација не може да биде имот кој е одземен заради:

  • губење на државјанство;
  • имотот за кој била склучена меѓудржавна спогодба за обештетување за одземен имот;
  • имот за кој веќе на поранешниот сопственик му е исплатен надомест;
  • предмети и објекти од особено културно и историско значење

Имот кој не се враќа во сопственост  и за кој се исплаќа надомест во постапката за денационализација е:

  • имот за кој до денот на влегување во сила на Законот некое друго физичко или правно лице стекнало ссопственост со одлука на надлежен орган или правно дело.
  • национализиран сточен фонд
  • имот за кој постои јавен интерес (добра во општа употреба, имот за потребите на одбраната и безбедноста на РМ, градежно неизградено земјиште, имот кој по одземање се користи за вршење на јавна дејност)

Во оваа постапка за денационализација враќањето на имотот или надоместокот за одземен имот се врши без право на надомест на обична штета и надомест за испуштена корист.

 

 

Related Posts

Scroll Up