Добиена акредитација за КПУ

Друштвото за ревизија БДО Скопје, во директна соработка со Друштво за консултантски услуги КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП Скопје, се стекна со акредитација за вршење КПУ (континуирано професионално усовршување) на сметководители и овластени сметководители, од страна на ICC – „Macedonia International Chamber of Commerce“.

Со цел одржување на уверението за сметководител и овластен сметководител, во наредниот период, а почнувајќи од 15ти септември, се очекува да се остварат 30 работни часа до крајот на оваа година, со тенденција за пораст на бројот на спроведени часови до 120 во годините кои следуваат. Советувањата ќе се одржуваат согласно одредбите во Договорот со Институтот на сметководители и овластени сметководители, а по утврдената потреба од овозможување на континуирано професионално усовршување. Сите заинтересирани за земање учество во советувањата ќе бидат навремено известени за очекуваните фази на работа.

Консалтинг Интер Груп со нетрпение го очекува почетокот на советувањата и уверени сме дека соработката со Друштвото за ревизија БДО Скопје ќе резултира со огромен успех за сите вклучени!

Related Posts

Scroll Up