Електронско следење на КПУ

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП и БДО продолжуваат со спроведувањето на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководителите и овластените сметководители.

Покрај редовните обуки, а со цел да се олесни следењето на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководителите и овластените сметководители и остварување на обврската за исполнување на минимално предвидените часови до крајот на годината, отсега има можност за електронско следење на КПУ.

Програмата за електронско следење на КПУ e усогласена со структурата на годишната програма. Електронското следење e така организирано да им овозможи на слушателите да ги изберат потребниот број на часови од оние теми кои им недостасуваат. Согласно Годишната програма за КПУ за 2017 година, максималниот број на часови што ќе се признае преку електронско следење на КПУ се 8 часа.

Електронско следење на КПУ започна со примена од 01.11.2017 година.
За повеќе информации и пријавување, Ве молиме посетете ја веб-страната: http://bit.ly/kpubdomacedonia.

Related Posts

Scroll Up