CIG

(Разговараше- Верица Јорданова)

Деновиве беше отворен ИПАРД 2 повик. За каков повик станува збор и на кои компании се однесува?

На 30.11.2018 беше објавен ИПАРД 2 повикот од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) и истиот ќе трае до 14.01.2019 година. Се однесува  на сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија и тоа за мерката Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи.

Вие сте консултантска компанија која секојдневно е во контакт со македонските компании. Каков е интересот на компаниите за користење на фондовите кои во моментов им се на располагање, како што се ИПАРД за земјоделски компании и ФИТР за иновативни проекти?

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, како консултантска компанија со докажана експертиза и способности во областа на правен и економски консалтинг, стратешко бизнис планирање, финансиски анализи и финансиско инженерство, која е дел од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, спроведуван од Паладиум Интернешнл, во својство на акредитиран финансиски фасилитатор, како и официјален консултант пред Фондот за иновации и технолошки развој, годинава бележиме значителни резултати во врска со проектите за финансирање кои што ги работевме со тоа што компаниите поклонија целосна доверба на нашата консултантска компанија и на нас како консултанти.

Нашиот фокус го ставаме на развојот на малите и средни компании кои покажуваат висок потенцијал за креирање сосема нови пазари или за револуционизирање на постоечките и тоа преку европските фондови како дел од Програмата „Хоризонт 2020“, финансиски инструмент на ЕУ со кој се поддржуваат истражувањата и иновациите, со крајна цел поголем економски раст, креирање нови работни места и зголемена конкурентност.

Каков е интересот, според вашето искуство?

Од досегашното искуство, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП бележи значителни успеси во подготовка на апликациите и проектите. Со гордост можеме да кажеме дека од досегашните реализирани инвестициски кредитни линии преку изработка на бизнис планови и финансикси проекции и буџети изработени од наша страна се приближуваме близу 10 милиони евра, што ги работевме за заштита на деловниот еко-систем преку проектот на УСАИД.

Во поглед на апликациите пред Фондот за иновации и технолошки развој остваривме голем позитивни резултати, апликациите кои беа поднесени на  Јавниот повик за финансирање на предлог проекти во рамки на  3от столб од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија од наша страна беа комплетно реализирани.

Во овој момент ги работиме апликациите за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф пред Фондот. Интересот е се поголем, а нашата улога како консултанти да им се доближиме што е можно повеќе до нашите компании со навремени информации и преку нашата стручност и компететеност да им обезбедиме компплетна правна поддршка при изработката на самите апликации, за што поупешни и поиздржани проекти.

  Кои се условите за користење на средствата од ИПАРД програмата?

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 14 јануари 2019 година. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 13.178.668,00 евра или 810.422.183,74 ден.

 Кажете ни нешто повеќе за можностите кои ги нуди ИПАРД. Во соработка со друга консултантска компанија имате добиено ваков проект. Кажете ни нешто повеќе за него.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП во директна соработка со МАНИ КОНСАЛТИНГ чиј генерален менаџер е Станка Мартиновска, е консултанска компанија за економски консалтинг, контролинг, управувачко сметководство и финансиско инженерство, со особено искуство во анализа и оцена на бизнис процеси, финансиски ресурси, трошоци, профитабилност, човечки ресурси, купувачи, приходи и продажба, ланец на набавки, длабинска финансиска анализа, финансиско известување, контролинг, краткорочни, среднорочни и долгорочни акциски планови, финансиски консалтинг за наоѓање на поволни извори на кредитирање и рефундирање на веќе земени банкарски кредити, го заокруживме проектот со млекара ОСОГОВО, кој воедно претставува прв одобрен проект од ваков тип за набавка на фотоволтажна централа за сопствени потреби со моќност од 99,825 Wp.

 Роковите за поднесување апликации за ИПАРД 2 се во јануари следната година. Што би им препорачале на компаниите кои се уште размислуваат на оваа тема?

Ги охрабруваме и поттикнуваме да се пријават сите потенцијални апликанти и да ја искористат можноста која им се нуди заклучно со 14ти јануари 2019 година, да го искористат овој инструмент за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ, а ние како консултантска компанија, со докажани резултати во изработка на проекти на пазарот во Република Македонија, им стоиме на располагање да ги водиме низ целиот процес на самото аплицирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *