Изработка на проценки како дел од услугите на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП како дел од своите услуги и преку искусниот тим на овластени судски проценители, нуди професионална и брза изготовка на проценки согласно потребите на своите клиенти.

Проценките кои КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ги изработува вклучуваат:

  • Проценка на капитал

Проценка на вредноста на капиталот на трговски друштва, јавни претпријатија и други правни лица задолжително се врши при спроведување постапки на стечај или ликвидација, статусни промени на трговските друштва и при утврдување потреба од одобрување на кредит.

  • Проценка на машини и опрема

Најчести ситуации кога има потреба од процена на вредноста на машини и опрема се: при спроведување постапки на стечај или ликвидација, пренесување на право на сопственост на дел од имотот на компаниите, пристап до финансии преку финансиски институции, спроведување постапка на експропријација.

  • Проценка на недвижен и подвижен имот

Проценка на недвижен и подвижен имот вообичаено се изготвува при пристап до финансии преку финансиски институции, спроведување стечајна постапка, ликвидација, експропријација, пренос на право на сопственост.

  • Проценка на транспортни средства

Проценката на транспортни средства значи утврдување на нивната пазарна вредност, која може да се  постигне во слободниот промет во моментот на настанување на потребната обврска. Пазарната вредност се утврдува за следните видови на транспортни средства: патни возила, шински возила, пловни/пливачки објекти и воздухопловни средства. Карактеристична ситуација на потреба од проценка на транспортни средства е при осигурување на штети.

 

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП брзо, професионално и комплетно обезбедува проценки од повеќе области. Уверете се и вие во ефикасноста и ефективноста на нашиот тим.

 

Related Posts

Scroll Up