Како се патентира пронајдок во Македонија?

Технолошкиот напредок на цивилизациите е условен од инвентивноста и проникливоста на луѓето, од идеите кои од едноставна замисла прераснуваат во реалност, но и од упорноста и трпеливоста во походот на внесување живот во нов пронајдок. Патентот, како заштита на пронајдокот, во историјата се покажал како силен стимул за иновација и напредок.

Патентот е регулиран во Законот за индустриска сопственост, и како таков, претставува ексклузивно право кое се признава за заштита на пронајдок во сите области од технологијата, под услов пронајдокот да е нов, да прикажува одреден инвентивен исчекор и да е соодветен за индустриска применливост, односно да има практична вредност.

Наједноставна дефиниција за тоа што претставува пронајдок е онаа која го опишува како „решение на одреден технички проблем“. Понатаму, Законот прецизно определува што се` може да се подведе под пронајдок кој може да се патентира, но од друга страна, набројува и кои пронајдоци нема да потпаднат под категоријата на пронајдоци кои би можеле да се заштитат со патент.

Каква е постапката на патентирање во Македонија?

Правата на патент се територијални, што значи дека секоја држава со сопствени, посебни закони ги регулира условите за обезбедување патентна заштита на пронајдок. Во Македонија, постапката за заштита на патент се поведува пред Државниот завод за индустриска сопственост, а може да се искористи и некоја од достапните можности за меѓународна пријава на патент. По испитување на правилноста и основаноста на пријавните формулари, патентот се забележува во Патентен регистар, а на пронајдувачот му се издава Решение за признавање на патент, а потоа и Исправа за патент, со што заштитата е обезбедена на одреден временски период.

Пронаоѓач во смисла на Законот за индустриска сопственост е лицето кое пронајдокот го создало со својот личен труд, додека преку негативно дефинирање се одредува дека не се смета за пронаоѓач оној кој обезбедил само техничка помош при создавањето на патенот.

Во однос на траењето на патентот, правило е дека по истекот на одредeното време на траење на заштитата, пронајдокот станува општо добро и сите можат да го користат без надоместок и без страв дека ќе бидат подлежни на барање на надомест на штета од страна на проноѓачот.

Патентот нуди многубројни предности

Првично, тој обезбедува силна позиција на пазарот за пронајдувачот, бидејќи му гарантира поволна положба поради уникатното право на монополизирано производство на заштитениот пронајдок, а придонесува и кон градење на одредена репутација. Од истите причини, патентот ја зголемува и моќта за преговарање на пронаоѓачот. Потоа, патентот гарантира релативно висок поврат на инвестициите. Дополнителна предност која ја нуди патентот е можноста за негова продажба односно случување договор за лиценца, со кој производството ќе биде отстапено на надворешен произведувач, а пронаошачот како корист може да добива повремени плаќања.

Со оглед на сите овие поволности, секоја иновативност е добредојдена, а кога ќе го осмислите иновативниот пронајдок, правните консултанти на Consulting Inter Group ви стојат на располагање за процедуралните елементи на патентирањето.

 

 

Blog Attachment
  • ip-venn-diagram-image
  • patent-630x571

Related Posts

Scroll Up