Кога (не)еднаквоста добива институција

Конференцијата „We Can Do It – кога (не)еднаквоста добива институција“, во организација на Европското здружение на студенти по право – ELSA Macedonia, која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, на неверојатно прецизен и сеопфатен начин го постави прашањето на родовата еднаквост, а особено на учеството на жените на работното место и улогата на жената во бизнисот, за потоа на истото да понуди одговор.

Конференцијата беше одбележана од дискусијата која ја отворија предавачите:

  • Ленче Ристоска од Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), која посебно внимание посвети на улогата на жената во правото, препреките кои таа најчесто мора да ги надминува, персоналните карактеристики кои мора да ги поседува и трудот кој мора да се вложи за да се резултира со успех.
  • Пенка Мукаетова, која како сопственик и генерален менаџер на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП – притоа горд поддржувач на женското претприемништво, искусен предавач, континуиран борец за поттикнување на улогата на жената во бизнис секторот како и за промовирање на важноста на жената како бизнис креатор, тргнувајќи од сопственото искуство направи краток преглед на сите предизвици со кои жената се соочува во бизнис сферата.
  • Савка Тодоровска, која како претседателка на Националниот совет за родова рамноправност е повеќе од искусна на теренот на борба за заштита на женските права не само во Македонија, туку и во поширокиот регион.

Конференцијата беше прекрасно организирана и реализирана, со високо ниво на професионалност на страната на организаторите и учесниците. Како и секогаш, студентите слушатели беа оние кои го збогатија целото искуство со своите прашања и размислувања, со неуморната активност и желба за сопствен импут во дискусијата, но и понатаму во општествените случувања.

Blog Attachment
  • 6-2
  • 5-2
  • 4-2
  • 3-2
  • 2-2

Related Posts

Scroll Up