КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИОТ ЕКОСИСТЕМ

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, во својство на консултантска компанија со докажани експертиза и способности во областа на стратешко бизнис планирање, финансиски анализи и финансиско инженерство, стана дел од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем (Business Ecosystem Project – BEP), спроведуван од Паладиум Интернешнл.

Главната цел на овој проект е трансформирање и унапредување на конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија преку зајакнување на бизнис услугите, финансирањето и пазарните врски, со цел поттикнување на значителен раст во продуктивноста и бројот на работни места во ММСП.

Во рамките на овој проект, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ќе ги поддржува ММСП во процесот на  развивање стратегии за раст и експанзија, составување издржани бизнис планови  и анализа на нивните финансиски потреби и пронаоѓање на најлесниот, најсоодветниот и најефикасниот пристап до тие финансии. Во Македонија постојат бројни извори на финансирање кои ММСП можат и треба да ги искористат за да го развијат обемот и квалитетот на својот бизнис.

ММСП се ‘рбетниот столб на нашата економија. Нивната стабилност и поволна пазарна позиција се предуслов за добра бизнис клима.

Ги охрабруваме сите ММСП кои сакаат да пристапат до финансии со цел развивање и проширување на нивниот бизнис, да ни се обратат и заедно да ги приспособиме финансиските можности на нивните потреби.

Related Posts

Scroll Up