Консалтинг Интер Груп го поддржува женското претприемништво на самохрани мајки

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, докажувајќи и потврдувајќи го статусот на општествено одговорна компанија која во различни аспекти на своето работење ги применува принципите на дејствување во корист на поддршка на социјалното претприемништво и женското претприемништво, потпиша Меморандум за соработка со Здружението за еднородителски семејни заедници ЕДНА МОЖЕ.

Преку Меморандумот за соработка, двете страни се согласија да делуваат во насока на зголемување на општествената свесност за положбата на еднородителските семејни заедници, предизвиците и ограничувањата со кои тие се соочуваат, пречките и предрасудите кои мораат да ги надминат како и отфрлање на зацврстената општествена стигма во нивното поимување.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, како компанија која специјализира во областа на деловното право, но делува во сите правни гранки, согласно потребите на клиентите, постојано презема инцијативи кои придонесуваат за севкупен општествен развој. Во тој правец се потпиша и овој Меморандум за соработка, во чии рамки ќе се реализира основање на трговски друштва, давање бесплатни правни совети и понатамошно континуирано правно консултирање во однос на бизнисите кои ЕДНА МОЖЕ ќе ги води, а кои имаат за цел осамостојување на жените во бизнисот и чекорење кон нивна сеопшта независност.

Овој Меморандум за соработка беше инспириран од дејствувањето на ЕДНА МОЖЕ како здружение на еднородителски семејни заедници кое се залага за општествен и економски развој на самохраните родители и нивните деца и кое се бори за остварување на нивните социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права. Тоа е доброволно здружение кое функционира преку бројка на членови која надминува 2.000 и кое преку широка палета на активности, меѓу кои вршење едукации и нудење секојдневна поддршка, се бори за правата на жените и уште повеќе, самохраните родители.

Преку склучување на овој Меморандум за соработка КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП и ЕДНА МОЖЕ се надеваат на поттикнување желба и мотивација кај поширокото општество за сите да преземат чекори за вклучување во борбата за општествена еднаквост и подобрување на статусот на членовите на еднородителските заедници.

Blog Attachment
  • 15541435_904846802984589_8015587846849556162_n
  • 17916617_1474839552534518_716505908_o
  • 3-e1491473198796

Related Posts

Scroll Up