КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП РЕТРОСПЕКТИВА

За КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, 2017 година беше исклучително успешна, како на професионален, така и на личен план. Го проширивме нашиот тим, ја развивме нашата компанија, и заедно учевме како да бидеме подобри луѓе.

Еве дел од најубавите моменти за изминатата година:

  • Пенка Мукаетова – генерален менаџер:
    • Избрана за ЖЕНА МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА од страна на Агенција Марили;
    • Признание за најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион за 2017 година од Жените во економијата;
    • Номинирана за Менаџер на годината од Асоцијација на менаџери на Македонија;
    • Ментор во проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“.
  • Александра Петковска – правен консултант: Покрај бројните успеси на професионален план, ни ги развесели срцата и на свет донесе два прекрасни сина!
  • Добре Митрев – правен консултант: Координатор на нашите интернационални претставништва во Бугарија и Велика Британија.
  • Викторија Спасовска – правен консултант: Избрана за најдобар студент на правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје за генерација 2015-2016 година.
  • Целиот тим на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, како и тимот на адвокати неуморно, со максимална ангажираност и посветеност работеа на навремено и позитивно завршување на тековните судски постапки.
  • Добивме акредитација за спроведување Континуирано професионално усовршување на сметководители и овластени сметководители, со нашите партнери БДО Македонија.
  • Бевме активни на полето на остварување на нашата програма за општествена одговорност:
    • Склучивме меморандум за соработка со ЕДНА МОЖЕ! за континуирана правна подршка со цел рекогнизација на самохраните мајки и пред сé, претприемачки, во македонското општество;
    • Склучивме меморандум за соработка со Европско Здружение на Студентите по Право во Република Македонија во насока на промоција на студентската мисла и дејствување;
    • Воспоставивме практикантска програма за студентите на правните факултети;
    • Одржувавме континуирани предавања пред студенти и млади претприемачи на Меѓународниот Балкански универзитет и ЦЕФЕ Македонија;
    • Се вклучивме во донаторски програми за собирање храна;
    • Учествувавме на Женска трка 2017!
  • Основавме бројни комапнии кои денес успешно просперираат на македонскиот и интернационалниот пазар и донесовме компании-инвеститори во Македонија.
  • Посетувавме форуми, трибини, би- и мултилатерални средби со македонски и странски компании и ги анализиравме и дебатиравме сите горливи бизнис прашања, како активни членови на Стопанската комора на Република Македонија, Асоцијација на менаџери на Република Македонија и Асоцијација на бизнис жени на Македонија.
  • Нашата веб-страница беше номирана во Изборот на сајт на годината, меѓудругото, како потврда на нашата неуморливост во креирањето едукативни текстови од областа на правото.

Оваа година ја заклучуваме со прекрасни спомени, многу нови пријателства и соработки, а годината што следи ја дочекуваме со позитивна и отворена мисла, подготвени за уште поголеми успеси!

СРЕЌНА НОВА 2018 ГОДИНА!

 

Related Posts

Scroll Up