Континуирано професионално усовршување

Друштвото за ревизија БДО Скопје и Друштво за консултантски услуги КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП Скопје, кои се стекнаa со акредитација за вршење континуирано професионално усовршување на сметководители и овластени сметководители (КПУ), од страна на ICC – „Macedonia International Chamber of Commerce“, наскоро ќе започнат со одржување на предвидените обуки.

Континуираното професионално усовршување ќе се одвива преку 30 работни часа кои ќе се остварат до крајот на оваа година, а кои ќе бидат во согласност со Програмата донесена од страна на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

Во периодот кој следи ќе биде објавен и детален распоред на обуките кои ќе се одржуваат како и темите на кои тие ќе бидат посветени. Дополнително, ќе биде овозможено и пријавување на сите заинтересирани лица за земање учество во советувањата.

Related Posts

Scroll Up