КРЕИРАМЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ

Проектот „Претприемачко учење за млади” беше заокружен со работилница на тема „Правни совети за претприемачи”, на која обучувач беше Пенка Мукаетова, сопственик и генерален менаџер на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП.

Работилницата, преку обработка на темите за: правни елементи и постапка за основање компанија во Република Македонија, даночна регулатива и правна уреденост на најчесто употребуваните договори, како и прикажување на документарниот филм „И јас сум претприемач“, кој е подготвен како дел од проектот „Заедно за успех: Млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“,  целеше кон тоа да ги охрабри и мотивира младите самостојно да започнат сопствен бизнис.

Важноста на правните совети при отпочнувањето и развојот на еден бизнис предизвикаа огромен интерес кај идните претприемачи.

Работилницата, покрај теоретскиот дел имаше и практичен дел, кој им помогна на слушателите полесно да ги разберат правните предизвици кои им претстојат.

Blog Attachment
  • 4-3
  • 3-5
  • 2-6
  • 24167137_1701074736577664_657897962_o

Related Posts

Scroll Up