Македонската компанија Consulting Inter Group се шири во Бугарија и Турција

Consulting Inter Group е компанија за правен консалтинг во областа на деловното право која деновиве го слави својот 6-ти роденден. Оваа млада и амбициозна компанија која има две канцеларии, во Скопје и во Кавадарци, постојано работи на проширување на просторот за работа во соседните земји.

Најново е отворање на канцеларии во Софија и Истанбул.

Во соработка со нашите партнери од Бугарија, во план е отворање на ново претставништво на Консалтинг Интер Груп во Софија, и тоа многу наскоро до септември, а како резултат на долгогодишната соработка на Консалтинг Интер Груп со турски компании, до крајот на годината ќе отвориме претставништво и во Истанбул, Турција“, најавува Пенка Мукаетова, основач на оваа консултантса компанија чија што визија е да биде комплетен сервис за компаниите на кои им е потребна правна поддршка од самиот чин на регистрирање на компанијата и во сите следни фази на развој.

Остварувањето на оваа мисија Мукаетова го постигнува со широката палета на услуги кои ги нуди Consulting Inter Group, од основање на компанија, ликвидација, стечаи, преструктуирање, преземање и припојување на компании, организација и корпоративно управување, право на интелектуална сопственост, длабинска правна анализа, поврзување со брокерски куќи, приватизација, легализација на објекти, откуп на земјиште, бизнис и физибилити студии.

Во последно време се воведени и понови услуги: изработка на бизнис и маркетинг планови, консултации в.в. постапки за јавни набавки, физибилити студии, правен и економски due diligence, истражување на инвестициски можности, алтернативно решавање на спорови преку медијација, повраток на средства од надоместок за патишта.

„Ние се стремиме да ги едуцираме компаниите дека е подобро да имаат консултантска компанија која во секое време ќе им стои на располагање наместо да бараат услуга само кога ќе се појави проблем. На тој начин ние како стручна поддршка и луѓе кои постојано ги следат сите законски промени ќе делуваме како “превентива“ за да не дојде до настанување на одредени проблеми. Идејата е буквално да бидеме нивен постојан сервис“, вели Мукаетова.

Целта на Consulting Inter Group е со минимална вклученост клиентот да добие комплетен пакет на услуги, брзо решавање на проблемот или потребата која ја има во моментот, да биде задоволена.

Кои услуги ги нуди Консалтинг Интер Групpenka2

1. Животен век на компанијата:
* Основање на компании во сите правни облици, пример – ТП,  ДООЕЛ, ДОО, АД;
* Промени и пререгистрација на:

  • – Основач/и
  • – Управител/и
  • – Седиште
  • – Фирма
  • – Основна главнина
  • – Прокурист
  • – Организирање на подружници
  • – Стечајни постапки и побарувања во стечајни постапки
  • – Ликвидација

2. Статусни промени:
* постапки за присоединување, спојување, поделба на трговските друштва, како и со сите нивни подвидови и комбинации.

3. Управни постапки:

– Посредување и комуникација со институциите во името на клиентите;
– Легализација на објекти;
– Приватизација на земјиште;
– Советување за вработување македонски државјани;
– Обезбедување работни дозволи/визи за странци во Република Македонија и македонски државјани во странство;
– Посредување и советување за кредити, акредитиви, банкарски гаранции;
– Посредување за поврат на средства уплатени како надоместоци за моторни возила по разни основи (Пример – надоместок за патишта што се плаќа при регистрација на моторни и приклучни возила)

4. Организација и корпоративно управување:

– Тендери
– Бизнис и маркетинг планови
– Медијација
– Физибилити студии
– Правен и економски due diligence
– Инвестициски можности за домашни и странски инвеститори
– Истражувања на пазарот за потенцијални соработници за домашни и странски компании
– Заштита на правата од индустриска сопственост (патент, трговска марка, индустриски дизајн, географски ознаки, топографија на интегрални кола)

5. Проценки на:

– Трговски друштва и подвижен/недвижен имот;
– Транспортни средства;
– Машини и опрема;
– Побарувања и обврски

Related Posts

Scroll Up