Март во знакот на наградите и современата жена

Работната недела, покрај со утринското кафе во канцеларија, ја започнуваме и со реминисенција за претходната недела, која беше совршено заокружување на еден убав месец.

Минатата недела ни го донесе роденденот на г-а Пенка Мукаетова, која во свој стил, го прослави со испишување нова страница во нејзината животна приказна на успехот.

Целиот ден беше во знакот на женската моќ и импулсот кој П

 

енка Мукаетова го носи во себе и кој го пренесува на сите околу неа, искрата која инспирира стремеж за работа кон подобро и кон повеќе, за веќе вечерта, таа моќ да се сплоти со женската енергија на сите присутни на доделувањето на наградите за Жена менаџерка на годината за 2017 година од Агенција Марили. Со звуците на Por una Cabeza изведена на виолини и виолончело, започна манифесацијата за честување на најуспешните за претходната година, со што се продолжи дводецениската традиција на Агенција Марили за деликатно издвојување на оние кои прават вистинска разлика во нашето општество.

 

Ваквата нишка на успешно организирани настани се продолжи и викендот. Саботата беше одбележана од тематскиот ден „ДАМА-ДА – Здравјето и убавината во функција на современата жена“, кога Агенција Марили повторно емпириски докажа зошто е предводник во своето поле на дејствување. Во името на животниот стил на жената, сите присутни го имаа задоволството да присуствуваат на предавања и едукативни работилници од експерти од областа на медицината, фармацијата, козметологијата, личниот развој, развој на кариерата, модата, здравата исхрана. Со интерактивна вклученост на слушателите, се продискутира на темата што значи да се биде современа жена во денешно време.

 

 

Особено е значајно што настанот имаше и хуманитарен аспект. Се одржа аукција за продажба на уметнички слики, при што беше собран значителен износ на средства кој ќе биде наменет за донација во јавниот здравствен дом во Прилеп.

Дружењето на настанот беше интензивирано и преку изложбените и продажните штандови на компании поддржувачи на идејата која беше проткаена низ одржувањето на „ДАМА-ДА“.

Заклучокот кој произлегува од ваквите импресии е огледан во нашата сигурност дека традицијата која Агенција Марили ја започна ќе опстојува уште долги години, а ние сигурно ќе бидеме вброени меѓу присутните на настаните кои тие ќе ги организираат.

 

Blog Attachment
  • 29595052_1205470526255547_4364993221909212807_n
  • 21433048_1205470136255586_2622617452388901023_n

Related Posts

Scroll Up