Меѓународен ден на борба против сиромаштијата

Во ера на континуиран технолошки, економски и социјален напредок, речиси парадоксално е сé уште огромен број луѓе да бидат во канџите на сиромаштијата. Но, бројките зборуваат сами за себе и фактот дека речиси половина милион луѓе во Македонија не можат да си дозволат повеќе од еден оброк во денот, бара акција и вклучување од страна на сите нас.

На 17ти октомври се одбележа меѓународниот ден на борба против сиромаштијата преку еден прекрасен настан за собирање на донации на храна под името „Нахрани 1000“ во организација на „Мрдни со прст“ во соработка со Црвен Крст на град Скопје, здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства „Љубезност“, организацијата „Ајде Македонија“, организацијата „АДРА Македонија” и Сојуз на извидници на Република Македонија.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП во рамките на својата програма за корпоративна општествена одговорност, активно се вклучи во настанот преку донација на нерасиплива храна. Наш став е дека само со заедничка посветеност и работа, непасивност и солидарност, можеме со успех да работиме на решавање на најгорливите општествeни проблеми.

Од таа причина, со едно добро дело, ја поставуваме основата на патот кон уште поактивна вклученост, повеќе настани, а со тоа и поголем општествен импакт.

Сега нахранивме 1.000, за наредниот пат да нахраниме 10.000!

Blog Attachment
  • 6
  • 5
  • 4
  • 3
  • 2

Related Posts

Scroll Up