Меморандум за соработка со ЕЛСА-РМ

Друштво за консултантски услуги КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ДООЕЛ Скопје (КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП) и Европско Здружение на Студентите по Право во Република Македонија (ЕЛСА РМ), во насока на обезбедување меѓусебна поддршка во остварувањето на заедничките проекти и активности, склучија Меморандум за соработка.

 

Меморандумот за соработка има за цел да ја продлабочи и развие соработката помеѓу Консалтинг Интер Груп, како компанија која во рамките на својата програма за општествена одговорност презема низа активности и проекти за промоција на студентската мисла и дејствување, и ЕЛСА РМ, како студентска организација која фокусот на своето работење го става на воспоставување мост на соработка и лични контакти помеѓу студентите и младите правници, нивно мобилизирање во меѓународни рамки и нивна подготовка за професионална кариера со интернационална ориентираност и глобални квалитети.

Страните потписнички на овој Меморандум за соработка се силно уверени дека истиот ќе одигра огромна улога во остварување на поставените цели, а со цел поддршка на професионалната надградба на студентите и младите правници.

Blog Attachment
  • 4-5
  • 3-7
  • 1-7

Related Posts

Scroll Up