НИНА АНГЕЛОВСКА- НЕЈЗИНИТЕ ИМПРЕСИИ ОД ИНДИЈА

Д-р Нина Ангеловска, звучно име кое заслужено се најде на листата на 100 успешни жени основачи на старт-апи во Европа (100 Female Founders Europe), која ја состави еминентниот германски магазин The Hundert, а потоа ја сподели и Forbes, е извршен директор и ко-основач на првиот македонски револуционерен веб сајт за групни попусти, Grouper.mk, кој го предефинира оналјн купувањето.

Прекрасен пример за успешна претприемачка, д-р Нина Ангеловска неодамна беше делегат-претставник на Македонија на Global Entrepreneurship Summit [#GES2017], како најголеми светски настан за претприемачи, организиран од САД, оваа година во соработка со Индија. Избрана по препорака на Американската амбасада во Македонија, заедно со Марија Матовска од Social Impact Award како екосистем поддржувач, таа го проследи самитот кој како носечка тема ја имаше идејата за “Women First, Prosperity for all”, на кој од вкупно 1500 присутни претприемачи, ментори и инвеститори од целиот свет над 50% од учесниците беа жени.

Global Entrepreneurship Summit [#GES2017] беше официјано отворен од инспиративните говори на Иванка Трамп и премиерот на Индиjа Narendra Modi, по што следеше панел воден од CEO-то на Cisco John.

Клучните пораки кои ги пренесоа панелистите беа во насока на истакнување на важноста на менторирањето на жените, дополнето со охрабрувачки пораки за жените да го направат пресудниот чекор кон промени, а мажите да креираат можности за жените лидери да просперираат. Богатата агенда на самитот беше составена од бројни панели и сесии со интересени теми како “When women win, countries win”, “If I knew then what I know now”.

Д-р Нина Ангеловска ни ги пренесува импресиите од овој самит, големо животно искуство, преку заклучокот дека претприемачите се оние кои ја креираат иднината и го менуваат светот, преку нивната напорна работа, пасија и посветеност сите предизвиците да ги претворат во можности. S

Blog Attachment
  • 12
  • 11
  • 10
  • 9
  • 8
  • 7
  • 6-4
  • 5-4
  • 4-4
  • 3-6
  • 2-8

Related Posts

Scroll Up