Огромни резултати на ЕДНА МОЖЕ/ЕДНА ПРАВИ во тесна рамка од три месеци

Слоганот „Една може и Една прави, зошто Една сака!“ директно задира во суштината на постоењето и функционирањето на Здружението на еднородителски семејства ЕДНА МОЖЕ! и трговското друштво ЕДНА ПРАВИ, на мотивацијата која ги води членките-самохрани мајки и на резултатите и промените за кои тие секојдневно се борат. Желбата за општествен напредок, отфрлање на закоравените стигми и сеопшто економско напредување се истакнуваат како причина за нивните достигнувања, на кои правиме краток преглед три месеци по склучувањето на Меморандумот за соработка помеѓу ЕДНА МОЖЕ и КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП.

Постоењето и функционирањето на ЕДНА МОЖЕ и ЕДНА ПРАВИ најпрецизно може да се окарактеризира како разновидно. Нивниот фокус е ставен на бројни гранки од општественото битисување, почнувајќи од развивање сопствен бизнис и промовирање на претприемачкиот дух помеѓу своето членство, а во насока на финансиско осамостојување на самохраните мајки; преку учество во политичките и правните случувања во земјата низ медиумот на преземање иницијативи за промена на моменталните законски одредби кои задираат во правата на самохраните родители и нивните деца, а во правец на борба против дискриминација; па сé до подготовка и спроведување на концептуални изложби кои на визуелен начин ги прикажуваат најчестите типови на предрасуди, преку нивно истовремено рушење.

Споменатите активности би ги супсимирале на следниот начин:

  • Се отвара Kонцепт ценарот ЕДНА МОЖЕ/ЕДНА ПРАВИ.

Меѓу останатите активности, Концепт центарот е предвиден како катче за откривање на убавините и благодетите на природната козметика. Имено, ЕДНА ПРАВИ специјализира во производство на природна и органска козметика наменета за хигиена и нега на кожата. Специфичноста на овие производи се должи на фактот дека тие се целосно еколошки произведени и третирани на начин кој гарантира заштита на природата, а со тоа и подигнување на еколошката свесност на лицата кои ќе ги употребуваат. Производите се изработени од ладно цедени масла, мацерати од диви билки и чисти путери. При тоа, начинот на нивната изработка, пакување и чување допринесува за зачувување на инхерентните витамини и минерали. Органската козметика се произведува од страна на специјално обучени и остручени самохрани мајки, кои преку овој процес не само што обезбедуваат финансиска самостојност за себе, туку и придонесуваат во подобрувањето на положбата на самохраните родители во областа на трудовото право.

Уште повеќе, Концепт центарот се вбројува во еко-свесната група на прозведувачи кои продуцираат нула отпад во текот на создавањето на своите производи; тренд кој не само што е позитивен за околината и животната средина, туку и многу гласно говори за еколошката свесност и совесност на самохраните мајки кои даваат свој придонес во оформувањето и реализацијата на целата идеја на суштествување на ЕДНА ПРАВИ. Дополнително, ЕДНА ПРАВИ задира и во доменот на преупотреба на производи, преку рециклирање шишиња и теглички.

  • Борба против дискриминација

Дискриминацијата против самохраните родители и нивните деца е многу често присутна, а истата неретко произлегува од недоволно прецизно формулирани законски решенија кои оставаат простор за создавање нееднаква положба на граѓаните. ЕДНА МОЖЕ будно ги анализира законските одредби и со сопствени иницијативи делува во насока на нивна измена и прилагодување на потребите на реалната состојба, така што ултимативно да се постигне еднаквост и рамноправност.

ЕДНА МОЖЕ посветено работи и на зацврстување на правата на еднородителските семејства од областа на социјалната и здравствената заштита.

  • Донаторски акции

Акциите за собирање донации и средства се често случување во круговите на членството на ЕДНА МОЖЕ. Без разлика на начинот на кои се спроведуваат, преку претстава, изложба, аукција или преку соработка со останати организации, донациите секогаш се уредно приоритетизирани.

  • Концептуална изложба

Најавена е изложба на слики од концептуални прозорци, чија цел најпрегледно се огледува во зборовите на авторката, Дороти Пачкова: „ЕДНА ПРАВИ ги отвара не само прозорците, ама и кепенците на способностите на жените и ги пресоздава од приватни во јавни женските прашања. Обезбедува човечката личност, пред се женската, првенствено личноста на самохраната мајка, од парализирачка дисциплина на пасивност и рамнодушност да се преорентира кон мотивација за учење и преобмислување. Зајакнувајќи ја волјата, наместо послушание, за цел да се постигне независност и самоодлучувачка моќ. Правејќи го тоа, таа се менува во насока на социјална ориентација, така што човечката енергија – наместо да биде злоупотребувана, насочувана е кон јакнење и силна комуникација со себе, околината и општеството“.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП со честитки за досегашните достигнувања и желба за нивен понатамошен успех, со нетрпение ја очекува понатамошната соработка со ЕДНА МОЖЕ/ЕДНА ПРАВИ во секоја област од правото.

Blog Attachment
  • edna-moze

Related Posts

Scroll Up