Oтворање претставништво на странското друштво во Македонија

Странското друштво може да организира и претставништво во Република Македонија. Претставништво може да организира странско друштво коешто според националното законодавство има право да врши трговска дејност. Но, за разлика од подружницата, странското трговско друштво преку претставништвото не може да врши трговска дејност. Преку претставништвото странското друштво може само да врши истражувања на пазарот, рекламни и информативни работи и преку нив да се претстави во Република Македонија.

Претставништвото на странското друштво во Република Македонија е потребно да се регистрира кај надлежниот орган што во случајов е Централниот Регистар на Р.Македонија. За да може едно странско друштво да основа претставништво потребно е странското друштво да е регистрирано во својата национална држава –што се докажува со извод-тековна состојба- доказ за нејзиното постоење (потврда или слично во својата матична земја).

Во случај на oтвoрање претставништво и тоа истотака треба да има свој раководител кој ќе управува со истото. За лицето кое ќе биде раководител одлука носи странското друштво, како и за тоа дека ќе основа претставништво. Со оглед на тоа потребно е да се обезбеди лице кое ќе биде задолжено за тоа тоа може да биде странско или домашно физичко лице.  Претставништвото кое ќе биде основано на нашата територија потребно е да има своја нерезидентна сметка, ако истото не остварува никакви приходи на нашата териоторија.

За барањето на странското друштво Централниот Регистар на Р.Македонија одлучува во рок од 5 дена од поднесување на барањето, со издавање на решение.

Related Post

Leave us a reply

Scroll Up