Паметните компании користат правни консултанти

Правниот консултант е клучен елемент во функционирањето на секој бизнис; секогаш е подобро да се превенира, отколку да се санира проблемот кој би настанал доколку не се примени вистинскиот правен совет. Ова е факт со кој добро се запознаени сите компании кои работат успешно.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, како компанија која е синоним за квалитетна правна услуга, е комплетен правен сервис кој на клиентите им нуди отворена листа на услуги која постојано се проширува во согласност со потребите на клиентите, а се состои од: основање, раст и развој на компаниите, советување и правна поддршка, статусни промени, пристап до финансии, интелектуална сопственост, бизнис планови, правен и економски due diligence, проценки.

Дополнително, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП овозможува полесен пристап до финансии за компаниите преку:

  • Финансирање на иновациите на македонските компании преку европски фондови како дел од Програмата HORIZON 2020;
  • Финансиска фасилитација како дел од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем (Business Ecosystem Project – BEP);
  • Статус на официјален консултант пред Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија.

Уште повеќе, нашата компанија претставува и акредитиран центар за професионално усовршување и преку обуките кои ги организираме целото наше знаење и искуство го пренесуваме на постојните и идните претприемачи.

Широката поставеност на услугите кои ги нудиме и активностите кои ги организираме нé става во позиција како правни конуслтанти да можеме да дејствуваме во секоја фаза од развојот на еден бизнис, да им помагаме на компаниите на лесен начин да се соочат со сите ризици, дилеми, предизвици, несигурности, да го осмислат своето функционирање, и да ја утврдат најдобрата позиција која треба да ја заземат во односите во кои влегуваат.

Затоа, ве охрабруваме да се вброите меѓу компаниите кои умеат да ја препознаат вредноста на вистинскиот правен совет и да дозволите тим од професионалци да се погрижи за вашиот успех.

 

 

Related Posts

Scroll Up