ПАРТНЕРСТВО

Наизглед, постои одреден консензус по однос на прашањето како да се работи успешно. Често се истакнува потребата од постоење на храброст и неаверзивност кон пресметани ризици, подготвеност рационално да се предвидат чекорите кои мора да се преземат во курсот на работењето и истите ефективно и ефикасно да се спроведат. Се споменува и неопходноста од континуирано трагање по знаење и надоградување како на стручните вештини, така и на т.н. меки вештини. Но, не смее да се заборави дека клучно делче од сложувалката која ја претставува успешната приказна, делчето без кое целата слика би била изгубена и невредна, се луѓето околу нас: партнерите, вработените, соработниците, клиентите, пријателите.

 

 

Пронаоѓањето компатибилен партнер во бизнисот е исклучително тежок потфат. Меѓутоа, резултатите кои можат да се постигнат кога потрагата ќе заврши се неспоредливи. Вистинскиот човек крај вас во улогата на деловен партнер има еднаква вредност како милионска инвестиција. Тоа е личноста која презема дел од товарот на работењето, ја споделува мислата која тера на двоумење и истата ја кристализира во решение. Бизнис партнерот во првите борбени редови ги истрајува тешките периоди, за кога ќе дојдат убавите, најгордо и најгласно да навива за успехот.

Погледнато искуствено, секоја партнерска релација бара три суштествени елементи: доверба, посветеност и истрајност.

Довербата е примарна и condition sine qua non. Водењето бизнис е екстремно деликатна работа и прејудицира апсолутна верба во партнерот со цел сите дилеми да можат да бидат прво споделени, а потоа и решени.

Посветеноста е придружена и од лојалноста. Кога повеќе глави мислат подобро од една, и предизвиците се повеќекратно помали.

Истрајноста е базична. Неспорно е дека ќе постојат тешки периоди, прашања на кои партнерите нема да пронајдат еквивалентен одговор, ставови кои ќе се разминуваат, но, токму тука и се гледа јачината на партнерството. Доколку се истрае и се пребродат таквите моменти, бенефитите ќе бидат колосални.

Blog Attachment
  • 5-5
  • 4-6
  • 3-8
  • 2-10

Related Posts

Scroll Up