Полесен пристап до финансии преку КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, преку Пенка Мукаетова, во својство на финансиски фасилитатор ангажиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, а како потврда на веќедокажаните експертиза и способности во областа на правен и економски консалтинг, стратешко бизнис планирање, финансиски анализи и финансиско инженерство, управувачко сметководство, финансиско известување и контролинг,  беше именуван за официјален консултант за подготовка на апликации пред Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Периодот кој измина, во сферата на бизнисот и економијата, несомнено беше во знакот на Мерките за финансиска поддршка на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) кои ФИТР ги спроведуваше како дел од Планот за економски раст на Владата. На првообјавениот повик заинтересираноста беше огромна, апликациите инвентивни и инспиративни, а проектите со огромен потенцијал.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП успешно и со одлични резултати го заврши првиот циклус на апликации пред ФИТР. Сите аплликанти го направија вистинскиот чекор кога одлучија финансиската судбина на својата проектна идеја да ја доделат на прфесионалци со искуство во работата, со што уште еднаш го потврдија значењето кое правните консултанти го имаат во целокупното работење на компаниите.

Во моментот, ФИТР ги има објавено следните јавни повици:

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ преку Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно-технолошки акцелератори;
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ преку Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за технолошка екстензија

и ги очекува апликациите за истите.

Уште повеќе, согласно СРЕДНОРОЧНАТА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА 2018 − 2020 ГОДИНА за мерките кои беа опфатени и со првиот повик:

  • Мерка 1. Финансиска поддршка на ММСП со тенденција на брз пораст („Газели“)
  • Мерка 2. Посебна финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за ММСП
  • Мерка 3. Финансиска поддршка на ММСП за подобрување на иновативноста
  • Мерка 4. Финансиска поддршка за стручно усовршување и практика за нововработени млади лица

предвидени се уште два повика до крајот на тековната година и уште шест во наредните две години. Попрецизно, согласно гореименуваната програма, објавувањето на повиците ќе биде со следната динамика:

  • Три јавни повици во 2018 година, со вкупен износ на средства од 645.000.000,00 (шестотини четириесет и пет милиони) денари;
  • Три јавни повици во 2019 година, со вкупен износ на средства од 768.750.000,00 (седумстотини шеесет и осум милиони седумстотини педесет илјади) денари;
  • Три јавни повици во 2020 година, со вкупен износ на средства од 922.500.000,00 (деветстотини дваесет и два милиони и петстотини илјади) денари.

Од таа причина, ги повикуваме сите компании со идеја за подобрување, проширување, раст и развој на нивниот бизнис, да се охрабрат и мотивираат од прекрасните резултати на првиот повик, и да се обратат на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП за консултации и подготовка на апликациите за повиците кои следат.

 

 

 

Related Posts

Scroll Up