Пoстапка за приватизација на земјиште

Поради нерешените односи со земјиштето во Р.Македонија, како и во другите земји на Балканот поради фактот што во социјализмот целото земјиште беше општествено, власта дојде до заклучок дека е потребно итно решавање на проблемот.

Поради проблемот на граѓаните кои имаа имот за кој мислеа дека е во нивна сопственоист, а всушност истиот не беше, тие не беа во можност да креваат хипотекарни крадити или било какви други кредити, а секако и немаа ништо во нивна сопственост, иако уште во времето на социјализмот тие го имаа купено својот имот.

Поради тоа се дојде до решение да се донесе Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште, кој требаше да го реши овој проблем. На патот за решавање на овој проблем законот, во својата примена наиде на многу проблеми на граѓаните кои со него не беа регулирани, па со оглед на истото претрпе неколку измени. Во него беа опфатени граѓаните кои купиле имоти пред 1958 година, кои се опфатени во терминот поранешни сопственици/кои не треба да платат надомест, сопственици кои на имоти за кои треба да се плати надомест.

Надлежноста за решавање на проблемот со приватизацијата го решава Министерство за финансии-Управа за имотно-правни работи, Одделение за првостепена управна постапка. Одделенијата се поделени по подрачни единици кои имаат надлежност да решаваат за судбината само на оној имот кој се наоѓа во нивната општина.

Со ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ Сл. Весник на Р. Македонија, бр.27 од 05.02.2014 година рокот за поднесување на барање за приватизација беше продолжен  9 месеци од моментот на стапување во сила на овој закон за оние  граѓани кои не поднеле барања до 31.12.2012 година.

Со следната измена се овозможува за граѓаните кои се одбиени за своето барање, како неосновано, поради фактот што нивното земјиште се наоѓало на место каде е предвидено добро за општа употреба, да поднесат повторно барање и тоа до 15 декември 2014 година.

Со барањето за приватизација на земјиште граѓаните се должни да поднесат: правен основ врз основа на кој се стекнале со право на сопственост врз земјиштето (купопродажен договор, наследно решение, договор за подарок и сл.), имотен лист за земјиштето и документ за лична идентификација, како и да уплатат административна такса. Останата документација која е потребна да се комплетира барањето органот е должен  да го прибави по службена должност.

Со измените направени во Законот за приватизација и закуп се олеснува приватизацијата за граѓаните и се пристапува кон решавање на проблемите со кои се соочува законот при практична примена.

Сите оние кои имаа претходно проблеми, бидејќи нивното земјиште се наоѓа на место каде е предвиден инфраструктурен објект, или пак добро за општа употреба, а истите не се реализирани, а се поранешни сопственици со новите измени се дозволува приватизација.

Со измените пак од 2015, сите оние кои не поднеле барање за приватизација, а се поранешни сопственици, запишани како корисници на градежно неизградено земјиште, можат да поднесат пријава за промена на правото на користење на градежното неизградено земјиште во право на сопственост по сила на закон во Агенцијата за катастар на недвижности.

Кон пријавата физичките лица треба да приложат: – доказ за идентификација за подносителот на пријавата (фотокопија од лична карта или патна исправа); правниот основ, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на катастарската парцела која е градежно неизградено земјиште, а за кое се однесува пријавата (закон, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган, поседовен лист и др.); доказ од органот надлежен за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, дека не е поднесено барање за утврдување правен статус на објект на катастарската парцела која е градежно неизградено земјиште, а за кое се однесува пријавата и

– доказ за платен надоместок за имотен лист за катастарската парцела, за уверение за историски преглед на извршените запишувања во катастарот на недвижности и за запишувањето во катастарот на недвижностите. За оваа промена не се плаќа никаков надоместок.

Агенцијата за катастар на недвижности е должна да изврши прибележувања во катастарот на недвижности на барањата за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост доставени согласно со членот 18 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ број 144/14) до 15 јуни 2016 година. По истекот на овој рок,  Агенцијата за катастар на недвижности по службена должност врши бришење на сите запишани права на користење на градежното земјиште во катастарот на недвижности, најдоцна до 15 декември 2016 година.“

Пријавите за промена на правото на користење на градежно неизградено земјиште во право на сопственост по сила на закон, од членот 33-а од овој закон, може да се поднесат најдоцна до 15 јуни 2016 година.“

Со направените измени се скратуваат трошоците и постапките, како и се олеснува начинот за добивање на правата на граѓанинот врз основа на Законот за приватизација и закуп на земјиште.

Related Posts

Scroll Up