Повраток на средства од надоместок за патишта

Согласно Законот за јавни патишта, при регистрација на моторни возила, имателите на истите се должни да платат и надомест за употребата на јавните патишта, познат како патна такса. Висината и начинот на плаќање на патната такса се подетално регулирани со посебен подзаконски акт.

Патната такса се плаќа при постапката на регистрација на моторното возило или пак неговиот приклучок, при што важноста на истата изнесува 12 месеци.  Уплатата на предвидениот надомест може да се изврши на следните начини:

  • Преку уплатна сметка во рамки на трезорската сметка;
  • Преку овластено лице кое е задолжено за вршење на технички преглед на моторни и приклучни возила.

Огромна поволност и од исклучително значење за имателите на моторни и приклучни возила кои патуваат надвор од Р. Македонија, односно кои вршат меѓународен сообраќај, е фактот што имаат право на сразмерно враќање на уплатениот износ по основ надомест за употреба на јавните патишта, соодветно на бројот на денови поминати надвор од државата.

Консалтинг Интер Груп, ставајќи го фокусот на потребите на сите транспортни компании, овозможува брзо, ефикасно и професионално спроведување на постапката за повраток на средства од надоместок за патишта што се плаќа при регистрација на моторни и приклучни возила. Со ваквата услуга, транспортните компании нема да имаат потреба да посветуваат непроценливи ресурси во облик на време и човечки труд, туку напротив, ќе можат целосно да се ангажираат во зголемување на продуктивноста на нивната примарна дејност, додека тимот на Консалтинг Интер Груп на најефективен начин ќе овозможи обезбедување повраток на средствата.

Blog Attachment
  • 18120068_1486503794701427_63887376_o

Related Posts

Scroll Up