Регистрација на проекти/донации во Централната база на податоци за странска помош – ЦДАД

КОНСАЛТИНГ  ИНТЕР ГРУП како консултантска компанија, која постојано го проширува својот делогруг на работење, а се’ во интерес на своите клиенти, овојпат ја проширува својата палета на услуги преку:  Подготовка на целосна проектна документација за Повиците од СЕП за Регистрација на проекти/донации во Централната база на податоци за странска помош – ЦДАД.

ЦДАД овозможува регистрирање на сите проекти – донации во Република Македонија  кои се финансирани со неповратни парични средства од странски донатори (грантови – донации), за кој постои Договор помеѓу Владата на Република Македонија и странскиот донатор, и се предвидени предметот и целите на донацијата и спонзорството. Целата постапка ја иницира субјекот задолжен за спроведување на проектот.

Кај овој вид на проекти, кои се финансирани со неповратни парични средства на странски донатори, е предвидено дека со истите не смее да се плаќаат увозни давачки, даноци и акцизи во Република Македонија. За таа цел постои одобрена Постапка за ослободување од царински, акцизни, и други увозни давачки и/или ослободување од ДДВ на промет на стоки и услуги, при набавка на добра и услуги, како и увози на добра и опрема за официјалните потреби на самиот проект/донација.

КОНСАЛТИНГ  ИНТЕР ГРУП брзо и лесно ве води низ целата постапка, се’ до нејзина успешна реализација: oд нејзиниот почеток, преку застапување и комплетирање на целата документација и регистрација на проектот во ЦДАД базата.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП брзо, ефикасно, професионално икомплетно ги реализира Вашите барања.

Related Posts

Scroll Up