Ретроспектива на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП за 2018 година

Уште една успешна година за КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП!

Како и секоја година, бевме исправени пред многу предизвици и многу проекти со што и оваа година ја заокружуваме како година исполнета со многу постигнувања и признанија за нашиот тим и нашата компанија.

Кои настани ја одбележаа оваа година?

-2018 годината КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, во својство на консултантска компанија со докажани експертиза и способности во областа на стратешко бизнис планирање, финансиски анализи и финансиско инженерство, ја стартувше како дел од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем (Business Ecosystem Project – BEP);

-КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП стана и официјален финансиски фасилитатор и пред Фондот за иновациии технолошки развој пред (ФИТР);

-Официјални консултанти пред Европската Банка за обнова и развој;

-Нашите клиенти го заслужуваат најдоброто! Во областа на економскиот консалтинг го збогативме делокругот на работа со МАНИ КОНСАЛТИНГ, чиј основач и генерален менаџер е Станка Мартиновска.

-Со цел да бидеме подостапни на нашите клиенти, преку нашите соработници Викторија-Боб ДОО Гостивар и Економ – ЦС Подружница КБ Милениум Струмица, отворивме две регионални канцеларии;

-Бевме дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“, WE MAKE: Женско претприемништво;

-Во рамки на истиот проект како членки на Здружението на бизнис жени, бевме во студиска посета во Република Хрватска, во делот на поврзување на жените во бизнис со жени претприемачки од Република Хрватска како и присуство на уште многу други конференции и семинари како дел од проектот како и снимање на филм за жените во бизнисот;

-Нашата консултантска компанија од оваа година својата палета на услуги ја збогати и со изготвување на апликации за финансирање на иновациите на македонските компании преку европски фондови како дел од Програмата HORIZON 2020;

-Успешно го завршивме и процесот на аплицирање пред Фондот за иновации и технолошки развој, а во врска со објавениот повик за кофинансирање на старт-ап и спин-оф компании, каде успеавме и овојпат да ги исполниме очекувањата на нашите клиенти и докажавме дека тимската работа е клучот кон успехот;

-КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП се сплоти со мисијата на Организацијата на жени на град Скопје за заедничко справување со насилството, истото да го направиме видливо и истото да го откорениме и отстраниме. Избраниот метод е преку запознавање на што поголем број граѓани за постоењето и функционирањето на Националната СОС линија за жртви на семејно насилство;

-Се вклучивме во донаторски програми за собирање храна;

-Како општествено одговорна компанија, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, својот 7ми роденден го одбележи во знак на хуманоста и преку афирмирација на соработката со проектот Копче, како нова урбана приказна во која се проткајува социјалната мисија на Црвениот крст на Република Македонија, а како одговор на повикот за хуманитарен подарок по повод роденденот, се спроведе донација на облека од сите наши соработници и пријатели;

-Пенка Мукаетова, основач и генерален менаџер на Консалтинг Интер Груп беше прогласена за жена менаџер на годината од страна на Агенција Марили и стана член на Марили-бизнис заедницата ;

– Penka Mukaetova го стекна признанието ДАМА-ГОДИНЕ и тоа како прва жена –лауреат од РМ, а во организација на Здружението Дете у срцу во Р.Србија;

– Dobre Mitrev, координаторот на нашите странски претставништва е заслужен за сите странски инвестиции и остварени деловни соработки со инвеститори од странство;

-Нашата колешка Viktorija Spasovska во јуни ја одбрани својата магистерска теза на тема: „Регулирањето на алогенеичкото оплодување во македонското и во споредбеното право“ и се стекна со титулата магистер по граѓанско право и континиурано се јавува во улоа на предавач пред Стопанската Комора на РМ на различни теми од областа на правото;

-Уште еден член од тимот, Jane Petrovski се стекна со титулата магистер по граѓанско право и успешно ја одбрани својата магистерска теза на тема: “Врската за преддоговорни информирања кај договорите за пакет-аранжман во домашното и новото европско договорно право.” ;

Valerija Krsteva, дел од тимот при Правниот факултет “Јустинијан Први”- Скопје, забележаа значителен успех на Регионалниот натпревар по Деловно право BIG DEAL 2018, кој се одржа во Белград;

Оваа година беше исклучителна успешна во секое поле за нас, и нашите соработници. А оваа 2019та нека биде уште поуспешна и берикетна, a ние како и секогаш ќе се стремиме кон исполнување на своите лични амбиции и цели и остварување на безброј професионални достигнувања и реализирања.

Среќна нова 2019!

Related Posts

Scroll Up