Седмиот роденден на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП во знакот на хуманоста

Минатата недела, во опкружување од блиски пријатели и соработници, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП го прослави својот седми роденден.

Секогаш уникатни и препознатливи како бренд во својата област, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, продолжува континуирано да потврдува зошто квалитетната работа води до успех и како преку тимска работа, упорност и посветеност, со практична примена на правото, може да се придонесе кон промоција на вистинските вредности во општеството.

Така, оваа година денот на нивниот роденден го прославија со една голема хуманитарна акција. Преку афирмирација на соработката со проектот Копче, како нова урбана приказна во која се проткајува социјалната мисија на Црвениот крст на Република Македонија, а како одговор на повикот за хуманитарен подарок по повод роденденот, се спроведе донација на облека од сите соработници и пријатели на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП.

Запрашана за поттикот за ваквата акција, Пенка Мукаетова, сопственик и генерален менаџер на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, вели: „Со ваквиот гест и спроведувањето на оваа акција, не само што ја потврдуваме идејата за спој на хуманоста, достоинството, трудот и екологијата како водечки во  Проектот Копче, туку покажуваме на дело како една компанија од висок ранг, со присутна желба да се помогне на оние на кои им е најпотребно, може успешно да ја спроведува својата програма за општествена одговорност и да креира вистински импакт во општеството“.

Со уште една честитка до КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП за роденденот, посакуваме до следниот да имаат уште многу проекти, активности и доброзавршени приказни и со тоа да продолжат да бидат инспирација и мотивација за останатите компании да ги следат во чекор.

Related Posts

Scroll Up