Семејни бизниси

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП како водечка консултантска компанија специјализирана во областа на деловното право како една од услуги кои ги нуди на своите клиенти е  целосна анализа на семејните бизниси.  Специфичноста при работењето на истите и  надминување на слабостите кои се карактеристични за сите нив е една од предизвиците со кои семејните бизниси секојдневно се соочуваат, а тимот на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП  успешно ги препознава и знае да се справи со истите. Совладување на алатки и механизми за разбирање и менаџирање на клучни прашања поврзани со семејниот бизнис, познавања и вештини за креирање и имплементација на реално остварлива стратегија за раст на семејниот бизнис, како и алатки и механизми за носење на одлуки со компромис се само дел од многубројните аспекти за кои можеме да најдеме решение.

Семејните бизниси во текот на својот развој се подложни на многубројни промени, предизвикани од различни фактори, кои можат да се групираат во внатрешни и надворешни. Во нив се вклучуваат не само  квалитетен бизнис план и стратегија, меѓучовечки односи во самата компанија, туку и техничко-технолошките процеси па се’ до општествено-политичките околности во државата.

Една од најтешките работи во семејните бизниси е да се разграничат односите помеѓу семејството и бизнисот.. За да се минимизира постојаното влијание на семејните односи врз деловните, потребно е прво да се идентификуваат, а потоа и да се управуваат пет основни вредности и тоа: капитал, кариера, конфликт, контрола и култура. Какво е влијанието на културата на основачот врз компанијата е клучен елемент за здрав развој и раст на компанијата. Основните вредности и принципи на семејната култура влијае врз културата на компанијата и е од клучно значење за успехот.

Практиката покажува дека најголем дел од семејните бизниси, кои успеваат, после безброј перипетии на патот кон успехот, продолжуваат да постојат, но не како семејни бизниси. Во Република Македонија 85% од семејните бизниси се од втора генерација на наследници и најголемиот дел од нив имаат потреба од вештини за деловна стратегија, ефективна комуникација и донесување на одлуки со консензус во врска со клучни прашања за семејниот бизнис.

Околу 74% од бизнисите се мали и средни претпријатија а околу 3% се повеќе од 100 вработени. Овој факт потврдува дека семејните бизниси претежно се микро и мали претпријатија . Меѓутоа она што е од особено значење е дека семејните компании имаат потреба од тело кое континурирано ќе работи на поддршката и развојот на семејните бизниси како и специјални програми кои ќе го стимулираат нивниот раст на пазарот, што подразбира и неизбежност од  дефинирање на законската рамка за семејните бизниси. Сето тоа би придонело за далеку подобри перформанси од компаниите кои не се во семејна сопственост во сите аспекти од нивното функционирање.

Семејниот бизнис e  клучна алка во развојот на економијата на една држава. Успехот кои го бележат многу од нашите компании се типичен пример за тоа како од мали претпријатија, денес бележат забележителен успех на пазарот како клучен двигател на економскиот раст и развој.

Related Posts

Scroll Up