Странски директни инвестиции

Пред да се посветиме на впишувањето на странската директна инвестиција во Централниот Регистар на Р.Македонија, вреди накратко да објасниме што всушност значат странските директни инвестиции.

Централниот Регистар на Р.Македонија води Регистар на директни инвестиции во кои се запишуваат сите инвестирања во облик на пари и ствари кои странски инвеститор ги вложува во Република Македонија, како и оние кои наши државјани ги вложуваат во некоја странска земја.

Кога странец вложува во нашата земја, следува запишување во Регистарот на директни инвестиции на нерезиденти (луѓе кои не живеат на територијата на Р.Македонија), додека кога наши државјани вложуваат во странска држава запишувањето се врши во Регистарот на директни инвестиции на резиденти во странство.

Директната инвестиција претставува трансакција, односно вложување на пари или ствари од страна на одреден инвеститор кој учествува во управувањето на одредена компанија, се јавува во улога на сопственик на компанија или пак сака да оствари врска во облик на давање заем во сопствена или друга компанија во одредена земја.

Законската поставеност доведува до заклучок дека македонски државјани слободно можат да вложуваат во странство и стрaнски државјани можат слободно да вложуваат во Македонија, под услов таквото вложување да биде пријавено во Централниот регистар на Р. Македонија во рок од 60 дена од направеното вложување.

Пријавувањето се врши преку поднесување соодветна Пријава за упис во Централниот Регистар на Р.Македонија. По извршеното запишување Централниот Регистар издава Потврда за извршеното запишување.

Непријавување на директната инвестиција претставува основ за поднесување одговорност за извршен прекршок, додека пак пријавувањето претпоставува и стекнување низа можности за инвеститотрот во поглед на пренос на добивката и на финансиски средства, како и дел од ликвидационата маса.

 

 

 

 

Blog Attachment
  • fdi

Related Posts

Scroll Up