Учи, практицирај, имплементирај!

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП и МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ја продолжуваат соработката.

Тимот на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП одржа предавање за студентите на правниот факултет кое се фокусираше на практична анализа на некои од најчесто користените видови на договори. Особено внимание се посвети не само на теоретско запознавање на студентите со суштината на секој од договорите, туку уште повеќе, и на развој на способноста за пишување договор; се дискутираше за суштествените елементи кои секој од договорите мора да ги содржи, се разјаснуваше како намерата на договорните страни најпрецизно да се преточи во договорни одредби. Конечно, предавањето беше финализирано со заклучок дека студентите се подготвени самостојно да го применат наученото и во пракса.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП континуирано го поддржува унапредувањето на образовниот процес и ваквиот тип на практична настава е само дел од активностите кои се планираат и остваруваат на ова поле. Со нетрпение ја очекуваме наредната средба со студентите, во амфитеатрите и надвор од нив.

Blog Attachment
  • 6-3
  • 5-3
  • 3-3
  • 2-3

Related Posts

Scroll Up