За Нас

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е консултантска компанија основана во 2011 година, специјализирана за деловно и корпоративно право, со докажана експертиза од областа на правен и економски- консалтинг. Работи преку две канцеларии во Скопје и Кавадарци, како и има свое претставништво во Софија, Република Бугарија.

Предводени од претприемачкиот дух и новите иновативните предизвици, како и потребите за развој на компаниите прераснавме во комплетен правен сервис кој нуди: основање, раст и развој на компаниите, советување и правна поддршка, статусни промени, пристап до финансии, интелектуална сопственост, бизнис планови, правен и економски due diligence, проценки. Како активни чинители во националната правна проблематика нудиме професионален пристап во работењето, а брзите и практични решенија кои ги нудиме станаа наш заштитен знак и се со минимална вклученост на клиентите, што е од особена важност за нивното деловно работење.
Дополнително, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е акредитиран финансиски фасилитатор за пристап до финансии ангажиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем преку полесен пристап до финансии; и официјални консултанти пред Фондот за иновации и технолошки развој и ИПАРД 2 програмата организирана од Агенција за подршка на земјоделството и руралниот развој.

Благодарение на различните услуги кои ги нуди нашата компанија, базата на клиенти значително расте, што ни дава можност за усовршување, посветеност и квалитет во решавањето на правните проблеми.

Компанијата го зацврстува квалитетот на своите услуги, преку соработка на бројни надворешни соработници и консултанти во повеќе области, како и финансиски и даночни експерти и тим на адвокати кои со својата експертиза ја следат и ја поддржуваат компанијата во сите проекти.

Континуирано, година за година, компанијата го проширува својот обем на работа, а со тоа и својот тим кои се специјалисти во своите области.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП има склучено Меморандуми за соработка со повеќе меѓународни консултантски компании, со кои на големи проекти работи во конзорциум со нив.

Активен член е во повеќе национални и меѓународни асоцијации, здруженија и комори.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е општествено одговорна компанија со дефинирана програма за општествена одговорност и тоа преку обучување на млади-кадри, горд поддржувач и промотор на женското и социјалното претприемништво, како и активен учесник во големи донаторски проекти.

Group 2

Адреса: ​„Филип Втори Македонски“ бр. 2-2/55, Скопје
Tел. број: 078 202 107 & 023 115 858
Е-адреса: office@cig.com.mk

Локација

2020 CIG - сите права се задржани. Дизајн - OCS

Scroll Up