Oбезбедивме 10 милиони евра за нашите клиенти!

Пенка Мукаетова: Минатата година обезбедивме 10 милиони евра за нашите клиенти!

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП како консултантска компанија специјализирана за  деловно и корпоративно право, со  докажана експертиза од областа на правен и економски консалтинг, минатата година оствари голем успех со обезбедување финансиски извори во висина од 10 милиони евра за своите клиенти, кои се доминантно мали и средни фирми. На тема финансирање разговаравме со Пенка Мукаетова, освовач и директор на Консалтинг Интер Груп 

Разговараше – Верица Јорданова

Минатата година за вашата компанија беше многу успешна од аспект на обезбедено финансирање за Вашите клиенти,  кои најмногу се мали и средни претпријатија? Кажете ни детали за колкава сума станува збор и за каков тип на финансирање? 

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, како консултантска компанија специјализирана за деловно и корпоративно право, со  докажана експертиза од областа на правен и економски консалтинг, која е дел од проектот на УСАИД за развој и заштита на деловниот екосистем, во својство на акредитиран финансиски фасилитатор, изминатава година забележа значителни резултати во врска со проектите за финансирање на кои што работиме. Нашиот фокус беа развој на малите и средните компании и тоа преку кредитните линии за инвестирање, грантови, програми, како и мерките за поврат на направени инвестиции.

Во текот на 2018 година успеавме да направиме реализација на преку 10.000.000,00 евра обезбедени финансиски средства преку сите типови на финансирање кои што ги работиме.

Каков тип на фирми обезбедија финансирање за своите развојни проекти? Уште поинтересно е да се види нивната големина и дејност со која се занимаваат? 

Со оглед на тоа што наш фокус беа микро и малите компании, така и нашата улога како консултанти беше да можеме што е можно повеќе да им ги доближиме информациите за сите видови на финансирање кои што постојат, да ги поттикнеме и охрабриме да аплицираат токму овие компании. Но, исто така интерес покажуваа и средните компании. Во поглед на дејноста најмногу беа застепени фирми од производството, градежнтаа индустрија, ИТ секторот, прехранбената и преработувачката индустрија.

Со оглед на тоа што микро, малите и средните компании претставуваат повеќе од 70% од пазарот во државата, финансиската помош на овие компании е повеќе од потребна, поради што треба да се нагласи дека за овие компании треба да се обезбедат што е можно пофлексибилни услови на финансирање. Дефинитивно наш впечаток е дека е неопходна поголема финансиска поддршка во секој аспект од работењето на компаниите.

Со оглед на тоа што Консалтинг Интер Груп е компанија која нуди правни услуги, кажете ни кои се клучните бариери со кои се соочуваат македонските компании кога се јавуваат пред финансиските организации и бараат заеми? Во кој сегмент обезбедуваат најголема помош од Вас како консултанти? 

Согласно нашето досегашно искуство како консултанска компанија, за компаниите најголема бариера во процесот на изнаоѓање финански средства пред финансиските институции е недоволната информираност за сите можности на финансирање кои им стојат на располагање, нефлексибилноста на финансиските инстиуции, како и сложените административни постапки. Наша улога како консултанти е да го олесниме тој пат на компаниите, навремено да ги информираме, да ги запознаеме со условите и со можностите  за финансирање што се актуелни во моментот, да ги водиме низ процесот на аплицирање пред финансиските инситуции и пристапните фондови и да ја изнајдеме најповолната можност за финансирање за секоја компанија согласно видот, дејноста и големината на компанијата.

Освен банкарски заеми, има ли доволно други извори на финансирање на македонскиот пазар и колкав и интересот за нивно користење? 

Mинатата година најмногу интерес компаниите имаа во делот на инвестициски кредити, меѓутоа не изостануваше ниту интересот за јавните повици пред Фондот за иновации и технолошки развој како и јавните повици на ИПАРД 2 програмата за развој на руралните средини преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Во моментов Фондот за иновации и технолошки развој го објави вториот повик од Планот за економски раст на Владата (ПЕР), наменет за ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации. Повикот е наменет за сите микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ) со доминантна домашна сопственост кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес. Вкупниот износ на средствата од вториот јавен повик во рамките на ПЕР, е 5 милиони ЕУР, од кои 2 милиони обезбедува Светската банка. Вториот јавен повик е отворен од 30 март 2019 до 15 мај 2019 година.

Со овој повик, Владата обезбедува до 70% ко-финансирање за микро и мали, односно до 60% за средни компании во максимален износ од 20 милиони денари. Средствата ќе се исплаќаат на квартална основа, согласно динамиката на реализација на проектниот план, по претходна уплата на сопственото учество на компанијата и извршен мониторинг на реализација на активностите од страна на Фондот.

 Ако побарувачката на финансии е лакмус за состојбата и крвната слика на една економија, каква е македонската економија во моментов? 

Ако се земат предив сите овие можности на финансирање кои што погоре ги наведовме, се надевам и верувам дека  можеме да одиме напред и да имаме значително подобрување на економската состојба само ако средствата кои им стојат на располагање наменски се искористат за компаниите да се охрабрат да прават што е можно повеќе проекти кои ќе бидат конкуретни на пазарот и да размислуваат за развој на своите компании. Од друга страна, финансиските институции да покажат поголема флексибилност во поглед на условите и начинот на добивање на средствата како и времетрањето на самите постапки.

Сметам дека треба да се прави што е можно поголема промоција на сите финансиски инструменти кои што се актуелни во моментот, како од страна на надележните институции така и од наша страна како консултани.

Минатата година ја завршивте со задоволителни резултати. После првиот квартал од оваа година, каква е состојбата од аспект на побарувачка и од аспект на понуда на финансиски инструменти? 

Минатата година беше доста значајна за нашата команија во поглед на зголемениот број на клиенти и реализираните средства кои што ги остваривме за нашите клиенти. Во моментот акцент ставаме на странските фондови, но сепак водечки е интересот за инвестициските кредити како и интересот за аплицирање во Фондот за иновации кој што има активен повик во моментот.

Group 2

Адреса: ​„Филип Втори Македонски“ бр. 2-2/55, Скопје
Tел. број: 078 202 107 & 023 115 858
Е-адреса: office@cig.com.mk

Локација

2020 CIG - сите права се задржани. Дизајн - OCS

Scroll Up