Меѓународен ден за родова еднаквост на платите

Денес, 18 септември 2020 година, Здружението на бизнис жени, Сојузот на стопански комори и Сојузот на синдикати на Македонија, го одбележаа Меѓународниот ден за родова еднаквост на платите.

Меѓународниот ден за родова еднаквост на плати оваа година се одбележува за прв пат, во услови кога светот се бори со пандемија која сеуште ја зголемува нееднаквоста.

Родовата еднаквост е основно човеково право и претставува камен-темелник на просперитетна и модерна економија што генерира одржлив инклузивен раст. Родовата еднаквост е од суштинско значење за да се обезбеди еднаков придонес за мажите и жените во домот, на работното место, во општествениот живот и економијата.

Жените сочинуваат две третини од здраствената работна сила ширум светот, вклучително и 85% од медицинските сестри и 90% од здраствените работници кои се вклучени во долготрајна нега на болните. Жените се соочија и со товарот од дополнителна неплатена работа предизвикана од затворање на училишни и установи за згрижување деца. Жените исто така во поголем број останаа без своите работни места, бидејќи работат во секторите кои се најпогодени од кризата.

Глобално жените заработуваат 23% помалку од мажите. Вистинска причина да се создаде национална коалиција со повеќе засегнати страни за да се постигне еднаква родова плата за работа со еднаква вредност.

Валентина Дисоска, претседател на Здружението за бизнис жени вели дека во државата постои широка правна рамка со која се регулираат прашањата за еднаквите можности, недискриминацијата и учеството на жените на пазарот на трудот. Но, и покрај тоа евидентирана е повеќекратна дискриминација на жените и нивна неможност во претприемништвото и корпоративниот свет, да напредуваат подеднакво и покрај квалитетот и соодветните квалификации. За изедначување на платите и пробивање на стаклениот плафон, неопходна е поголема посветеност на сите релевантни субјекти, родово водени статистики, подигнување на свеста за проблемот и за обезбедување еднакви можности за поддршка и финансирање на жените во приватниот сектор.

Родовите имаат еднаква вредност!

Одбележувањето на Меѓународниот ден за родова еднаквост во платите е поддржано од Обединетите нации, ОЕЦД и Меѓународната организација на трудот.

Group 2

Адреса: ​„Филип Втори Македонски“ бр. 2-2/55, Скопје
Tел. број: 078 202 107 & 023 115 858
Е-адреса: office@cig.com.mk

Локација

2020 CIG - сите права се задржани. Дизајн - OCS

Scroll Up