Работна средба- Здружение на бизнис жени на РСМ со Вицепремиерот на Влада на РСМ, г-дин Фатмир Битиќи.

Дел од членките на Здружението на бизнис жени на Република Северна Македонија, предводени од Претседателката Валентина Дисоска остварија работна средба со Вицепремиерот на Влада на Република Северна Македонија, г-дин Фатмир Битиќи.

          Здружението на бизнис жени преку своите активности придонесува женското претприемништво да биде признаено како посебен ентитет за зајакнување на економијата во земјата.

          На работната средба беа продискутирани проблемите, предизвиците, и влијанијата од ковид 19 вирусот, врз деловните активности на жените претприемачки.

          На истата беа пренесени видувањата, барањата и ставовите на членките на Здружението, се со цел да се придонесе кон подобрување на економската состојба во државата.

          Од работната средба произлегоа следните заклучоци:

  • Државните институции и финансискиот сектор (банките и финансиските институции) треба да имаат  поголема соработка за намалување или елиминирање на каматните стапки на кредитите земени пред кризата за развојна компонента во бизнисот.
  • Да се направат измени во начинот на наплата на побарувањата како и плаќање на даноците од страна на компаниите, т.е. да се плаќа данок на платена фактира а во спротивно да се најдат или зајакнат мерките за реализација на наплатата во приватниот сектор
  • Голем проблем е постоењето на сивата економија за малите и средни претпријатија  во државата.
  • Во делот на мерките за исплата на плати и придонеси најголемиот проблем се појави во делот да компаниите да немаат раст од минатата година што беше огромна пречка за компаниите да аплицираат за овие мерки. Со години работиме за да ги подобриме компаниите и да ги зголемиме, сметаме дека мерките треба да важат за сите подеднакво и да се стимулира растот на компанијата и новите вработувања а не да се казнува.
  • Во пакетите на еконмски мерки што ги носи Владата треба да има и посебна мерка само за жени претприемачки, со што ке се покаже посебна посветеност и позитивна дискриминација за зајакнување на женските бизниси
  • Потребни се мерки за промоција и маркетинг за бизнисите во време на ваква криза
  • Потребни се грантови за пренамена на дејноста за тие комании што ги затвориле бизнисите како резултат на короната и помош за стручни и консултантски услуги за бизнисите.
  • Да се даде посебен фокус на самохрани родители кои се самовработени како и на жени носители на економските активности во фамилијата и единствени вработени во фамилијата и да се понудат мерки соодветни на нивните услови
  • Посебен осврт да се направи во образованието, особено на делот и предметот претприемништво.

          Како потребни активности за работењето на Здружението беа истакнати следните:

  • За креирање на политики потребни се статистички податоци за постигнување подобри резултати отколку да бидат политики креирани врз база на претпоставки
  • За промоција на женското прептриемниптво и да ги стимулираме жените да бидат дел од економското зајакнување на државата, еден од најдобрите начини е да ги промовираме добрите практики преку воспоставување годишна национална награда за жена претприемач. За оваа активност потребни ни се информации од Централен регистер за да можеме да ги лоцираме најдобрите. Здружението не располага со средства потребни за да ги платиме овие податоци, затоа предлагаме на партнерска основа со Министерство за економија, Централен регистер, Влада на РСМ и нашето здружение да ги добиваме овие информации и да ги организираме настаните за промоција.
Group 2

Адреса: ​„Филип Втори Македонски“ бр. 2-2/55, Скопје
Tел. број: 078 202 107 & 023 115 858
Е-адреса: office@cig.com.mk

Локација

2020 CIG - сите права се задржани. Дизајн - OCS

Scroll Up