Советник – Генералист

Пенка Мукаетова, Генерален менаџер на Консалтинг Интер Груп официјално е избрана за Советник-Генералист од страна на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија, во рамки на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија.

Програмата на ваучерско советување се однесува на потенцијалните претприемачи (вработени и невработени лица) помагајќи во процесот на самовработување и испорачување на одредени советувања, тренинг и информативни услуги.

Активните МСП и потенцијални претприемачи можат да бидат субвенционирани за користење на следните услуги:

– Советодавни услуги за сопствениците-вработените во МСП кои имаат проблеми во работењето и/или сакаат да ги развијат своите бизниси;

– Советување, информации и тренинг поддршка за потенцијалните претприемачи од редот на невработените и веќе вработените лица за отпочнување на нов бизнис.

Целните групи можат да користат претпремачко советување и групно претприемачко советување за следните подрачја:

– Генерирање и селекција на идеја;

– Развој на деловен концепт;

– Советување за изработка на деловен план;

– Помош при започнување на сопствен бизнис и регистрација на компанија;

– Советување во врска со пријавување на домашни јавни повици;- Советување за изработка на инвестициони проекти;

– Советување во областа на иновациите;

– Деловно планирање и деловно поврзување;

– Физибилити студија.

Консалтинг Интер Груп, Вашиот сигурен партнер во обезбедување сигурна иднина на Вашиот бизнис.

Group 2

Адреса: ​„Филип Втори Македонски“ бр. 2-2/55, Скопје
Tел. број: 078 202 107 & 023 115 858
Е-адреса: office@cig.com.mk

Локација

2020 CIG - сите права се задржани. Дизајн - OCS

Scroll Up