Почитувани клиенти, соработници и пријатели,
Годината која изминува да ја испратиме со насмевка и надеж, дека никогаш повеќе нема да ни се повтори. Лекциите кои ги научивме, добро да ги запаметиме за она што е најважно во животот, а тоа е здравјето. Одговорноста и хуманоста да ни бидат ѕвезда водилка и во годината која е пред нас. Да ја цениме слободата, да веруваме во себе, да се поддржуваме и почитуваме и да не заборавиме дека најсигурни и најбезбедни сме во кругот на семејството.
Нашето семејство, тимот на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП и во време на економска криза предизвикана од пандемијата КОВИД 19, храбро им пркосеше на бројните предизвици, се во интерес и поддршка на своите клиенти. Успешно ги заврши сите проекти и обезбеди значителни финансиски средства за компаниите.
– Досега најбројни апликациите пред Фондот за иновации и технолошки развој на јавниот повик – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва Старт-ап и Спин-Оф и на Jавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД 19.
– Големиот интерес за Јавните повици од Развојна банка на РСМ, придонесе и во вакви ситуации да го дадеме максимумот од себе за навремена и безрезервна поддршка при аплицирање и обезбедување на бескаматните кредитни линии КОВИД 1, КОВИД 2 И КОВИД 3, за компаниите кои ги застапувавме.
– Финансиски средства за нашите клиенти обезбедивме и преку Министерството за економија на РСМ преку Jавниот повик за Финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост КОВИД 19 периодот.
– И оваа година преку планот за економски раст од страна на Агенцијата за странски инвестиции и Владата на РСМ, успеавме за нашите клиенти да обезбедиме враќање на значителен процент на инвестицијата направена за претходната година.
– Консалтинг Интер Груп, како општествено одговорна компанија, оваа година повторно направи неколку донаторски кампањи за донација на храна, облека, мебел и медицинска опрема.
– Адвокатскиот тим кој ја поддржува нашата компанија во делот на судските предмети, со максимална ангажираност и посветеност работеше за навремено и позитивно завршување на тековните судски постапки.
– Бескрајно сме им благодарни на медиумските куќи кои покажаа интерес за нашата работа, тековно го следеа нашето работење и успешно ги пренесоа сите нашите пораки.
– Голема благодарност до нашите клиенти на укажаната доверба, на нашите соработници за безрезервната поддршка, како и на сите наши пријатели кои веруваа во нас и заеднички ја заокруживме позитивно и оваа тешка година.
Да останеме сплотени, солидарни и во добро здравје и со позитивна енергија да ја дочекаме следната година.
2020, иако тешка година, ја испраќаме задоволни и благодарни за се она што го научивме, а следната 2021 ја дочекуваме со позитивни мисли, подготвени за нови предизвици и уште поголеми достигнувања.
Дарувајте, верувајте и не се откажувајте!
Среќна Нова 2021 година!