CIG

Во овој период, би кажала-деликатен момент, на сите ни треба и сила и верба и дополнителна мотивација, и токму затоа најдобро друштво се книгите. Да не отргнат од секојдневното лудило, да не инспирираат и однесат на далечно патување во некој поубав Универзум.

Деновиве ја читам и препорачувам, книгата која го растресе финансискиот свет Богат татко, сиромашен татко од неповторливиот Роберт Киосаки. Преку лична перспектива за тоа како функционираат парите, не учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник.

За денот да биде уште поубав, секогаш има место за повеќе насмевки. Како ? Со “На своја кожа продолжи со насмевка” од Мирослав Драганов, задолжително четиво за сите генерации. И затоа ја препорачувам- секогаш и во секое време нека ви биде верен сопатник.