CIG

“Макпрогрес”, Виница е лидер во земјата и регионот, водечки производител на кондиторски производи во Југоисточна Европа, извозник во повеќе од 60 земји на 6 континенти. Во Винчини развојниот центар се сместени две академии, Винчини академијата за надградба на техничките вештини и Прогресив Академија за извршни менаџери во Виница. Овој центар е мултидисциплиниран објект со простории за обука и соработка, области за истражување и развој, лаборатории за сензорска анализа и креативно пакување, изложбени салони, музејска изложба итн. Овој центар ќе биде двигател на иновации и развој на таленти преку подобрување на техничките и менаџерските вештини, помагање на стартапи, поддршка на млади професионалци и соработка со заедницата, приватниот сектор и академијата, за одржлив развој на регионот. Прогресив академијата во рамките на центарот ќе обезбедува технички обуки и ја имплементира првата верифицирана академија за извршни менаџери во земјата. Прогресив академијата е отворена за соработка со приватниот сектор, невладините организации, средните училишта и универзитетите како и општините, Владата и меѓународната донаторска заедница.
☑️Винчини развојниот центар ги отвори вратите и за студенти од ФОН Универзитетот кој во рамките на нивната практикантска наставна програма, по предметот Претприемништво, кој го слушаат кај Проф. Д-р Натка Петрушева, имаа можност да ја слушнат успешната приказна на компанијата која прерасна во успешен бизнис модел, и исто така да слушнат за основањето на Винчини развојниот центар и Прогресив академијата.
Исто така, беа опфатени и теми: Производството како движечка сила, 7те чекори за започнување на бизнис, правни предвизвици со кои се соочуваат претприемачите, како и слушнаа мотивациски и инспиративен говор како заокружуѕвање на целодневната посета на компанијата.
Предавачи во рамки на програмата беа:
👉 Маја Цветанова – Директор за маркетинг во Макрпогрес Виницаја, ja претстави работата и развојот на компанијата од нејзините сами почетоци до денес;
👉 Александра Кирилова – Директорка на Прогресив академија, која го престави новиот развоен центар Винчини и почетоците на Прогресив академија;
👉 Трајче Димитров – Технолог за контрола на квалитет и сензорна анализа – говореше на тема – “Производството како движечка сила”;
👉 Пенка Мукаетова – Генерален менаџер на Консалтинг Интер Груп, која ги објасни “7те чекори за започнување на бизнис”;
👉 Златко Јолески – Адвокат – кој ги разработи “Правните предизвици со кои се соочуваат претпримачите”;
👉 Глигор Цветанов – Сопственик и Генерален менаџер на Макпргорес Виница, кој одржа инспиративен и мотивациски говор пред студентите.
Студентите од ФОН Универзитетот во рамки на практиканската настава, имаа можност да учествуваат во Креативната кујна на Макпрогрес Виница кадешто преку заедничка дружба имаа можност сами да подготват два различни рецепти на слатки-колачи кои се дел од широката палета на производи на компанијата.
☑️Едукативна дружба се заврши со посета на фабричката продавница Vincinni Chocoland.