CIG

Денес, се дружевме онлајн со студентите од Бизнис Академија Смилевски по предметот Претприемништво на кое зборувавме за можностите за започнување на бизнис, одржливост на компаниите, со кои предизвици се соочуваат претприемачите, важноста на бизнис планот, маркетингот, продажбата и пристапот до финансии.
Голема благодарност до Бизнис Академија Смилевски за соработката и можноста да ги споделиме нашите искуства од работата во рамки на нивната наставна програма. Од голема важност за студентите е покрај теоретската настава, да можат преку практични примери да се запознаат со вистинските состојби во претприемништвото.