CIG

Да ја зачуваме и негуваме традицијата, како наше најголемо богатство!
Убаво дружење по повод Василичарската вечер со дечињата од Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со даунов синдром НВО Дневен центар Доза Среќа, кои ги израдувавме и им подаривме од срце музички фолк сликовници за деца “Слушам кај шумат шумите”, изработени од Здружение Фолконика – Центар за зачувување и развој на македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца.
Сликовниците се наменети за негување и зачувување на народното музичко богатство, со мисија истото да им се пренесе на најмалите, за да го засакаат, читаат и да продолжат да го негуваат како наша национална вредност.