CIG

ДОНА Бутик Скопје одбележува 14 години успешно работење

  САМО АКО СЕ „ЖИВЕЕ СО БИЗНИСОТ“ УСПЕХОТ Е ЗАГАРАНТИРАН! ДОНА Бутик го заокружува со успех своето 14-годишно работење, кое е резултат на   истрајноста, доброто менаџирање и квалитетот. Успешната бизнис приказна на ДОНА, започнува да се гради со голем ентузијазам, наследената љубов за модата,  јасна визија како да се чекори кон успехот и каков ќе […]

Да ја зачуваме и негуваме традицијата, како наше најголемо богатство!

Да ја зачуваме и негуваме традицијата, како наше најголемо богатство! Убаво дружење по повод Василичарската вечер со дечињата од Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со даунов синдром НВО Дневен центар Доза Среќа, кои ги израдувавме и им подаривме од срце музички фолк сликовници за деца “Слушам кај шумат шумите”, изработени од Здружение Фолконика […]

Бизнис Академија Смилевски

Денес, се дружевме онлајн со студентите од Бизнис Академија Смилевски по предметот Претприемништво на кое зборувавме за можностите за започнување на бизнис, одржливост на компаниите, со кои предизвици се соочуваат претприемачите, важноста на бизнис планот, маркетингот, продажбата и пристапот до финансии. Голема благодарност до Бизнис Академија Смилевски за соработката и можноста да ги споделиме нашите […]

Винчини развојниот центар ги отвори вратите за студенти од ФОН Универзитетот

“Макпрогрес”, Виница е лидер во земјата и регионот, водечки производител на кондиторски производи во Југоисточна Европа, извозник во повеќе од 60 земји на 6 континенти. Во Винчини развојниот центар се сместени две академии, Винчини академијата за надградба на техничките вештини и Прогресив Академија за извршни менаџери во Виница. Овој центар е мултидисциплиниран објект со простории […]

Проектот WE MAKE ги помести границите за женско претприемништво

Преку настанот се презентираат реализираните активности и постигнати резултати, за појасна слика за важноста на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ за развојот на женското претприемништво, со увид од страна на проектните партнери – организациите имплементатори, за проектните цели, активности и резултати, како и споредба со политиките за конкурентност во женското претприемништво и улогата на граѓанскиот сектор во Република Хрватска.

Oбезбедивме 10 милиони евра за нашите клиенти!

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП како консултантска компанија специјализирана за деловно и корпоративно право, со докажана експертиза од областа на правен и економски консалтинг, минатата година оствари голем успех со обезбедување финансиски извори во висина од 10 милиони евра за своите клиенти, кои се доминантно мали и средни фирми. На тема финансирање разговаравме со Пенка Мукаетова, освовач и директор на Консалтинг Интер Груп

Успешна бизнис приказна на меѓународно ниво

Консултантската компанија „Консалтинг интер груп“ ја промовираше својата успешна бизнис приказна на третата Меѓународна стручна конференција “Бизнис на штиклама 2019”,која се одржа на 15 јуни во „Mастер Центарот“ во Нови Сад.

Аплицирање за ИПАРД

На овој повик може да се јават физички лица кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина, односно регистрирани: Занаечти, Угостители, Трговеци, Преставници на земјоделско стопанство и индивидуални земјоделци производители, како и правни лица регистирани на ранг на микро и мали претпријатија што се утврдува согласно “Преглед на податоци за годишната сметка за претходната година”.