CIG

За нас

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е консултантска компанија основана во 2011 година, специјализирана за деловно и корпоративно право.

Предводени од претприемачкиот дух и новите иновативните предизвици, како и потребите за развој на компаниите прераснавме во комплетен правен сервис кој нуди: основање, раст и развој на компаниите, советување и правна поддршка, статусни промени, пристап до финансии, интелектуална сопственост, бизнис планови, правен и економски due diligence, проценки. Како активни чинители во националната правна проблематика нудиме професионален пристап во работењето, а брзите и практични решенија кои ги нудиме станаа наш заштитен знак и се со минимална вклученост на клиентите, што е од особена важност за нивното деловно работење.
Дополнително, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е акредитиран финансиски фасилитатор за пристап до финансии ангажиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем преку полесен пристап до финансии; и официјални консултанти пред Фондот за иновации и технолошки развој и ИПАРД 2 програмата организирана од Агенција за подршка на земјоделството и руралниот развој.

Континуирано, година за година, компанијата го проширува својот обем на работа, а со тоа и својот тим кои се специјалисти во своите области.

Благодарение на различните услуги кои ги нуди нашата компанија, базата на клиенти значително расте, што ни дава можност за усовршување, посветеност и квалитет во решавањето на правните проблеми.

Компанијата го зацврстува квалитетот на своите услуги, преку соработка на бројни надворешни соработници и консултанти во повеќе области, како и финансиски и даночни експерти и тим на адвокати кои со својата експертиза ја следат и ја поддржуваат компанијата во сите проекти.

 

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП има склучено Меморандуми за соработка со повеќе меѓународни консултантски компании, со кои на големи проекти работи во конзорциум со нив. Активен член е во повеќе национални и меѓународни асоцијации, здруженија и комори.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е општествено одговорна компанија со дефинирана програма за општествена одговорност и тоа преку обучување на млади-кадри, горд поддржувач и промотор на женското и социјалното претприемништво, како и активен учесник во големи донаторски проекти.